НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
април 2, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

АКАДЕМИК КОЦАРЕВ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Комисијата за доделување на општинската награда “Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид” за тековната 2021 година ја додели оваа престижна награда на Македонскиот академик Љупчо Коцарев. Комисијата во состав Перчо  Божиноски- претседател и членовите Проф. д-р Виолета Ачкоска, Проф. д-р Сашо Коруноски, проф. д-р Димитар Пандев и Горан Стојаноски од пријавените шестмина кандидати за овогодинешната награда едногласно го избрале токму академикот Коцарев, кој за наградата беше предложен и поддржан  од  видни и истакнати  доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на прес конференција ја образложи одлуката на комисијата:

“Охрид за нас и за Светот е посебен не само заради своите уникатни, природни и културни вредности туку и заради многумината исклучителни поединци кои со своите корени се цврсто поврзани со Охрид, но плодовите на својата животна мисија му ги подариле на целиот Свет и на генерациите кои доаѓаат по нив.

Љупчо Коцарев е авангардна личност, освен тоа е и нашиот најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој многу одамна застанал во одбраната на интересите на Македонија. Неговиот импозантен лик и дело не прават среќни и горди на сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје , магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Неговата богата наставно- научна дејност почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации се цитирани илјадници пати исто како и превземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал. Научниот интерес е широк во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации објавени во часописи со фактор на влијание,во зборници на рецензирани трудови. Едитор е на шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа. Академик Коцарев е редовен член на МАНУ од 2007, а во ноември 2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност во Светот на науката е што престижниот универзитет Стенфорд го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области.”

-соопшти Кирил Пецаков на прес конференцијата од општина Охрид.

За авторот на оваа статија

>