Според познатиот руски геополитичар и евроазист Александар Дугин, Русија реши да му стави крај на стариот униполарен Светски поредок, и по цена на огромни жртви да го започне процесот на создавање на нов многополарен Светски поредок. Русите се познати дека бавно ги оседлуваат своите коњи, дека се трпелив народ. Но кога Русите се одлучуваат за акција, тие јаваат брзо и одат до крај. Според Дугин ова е почеток на финалниот судир помеѓу евроазиската цивилизација и англосаксонската цивилизација, помеѓу традиционалните вредности и неолибералните вредности.
На 4-ти март 2022 година, во просториите на руското Министерство за високо образование и наука се оддржа панел-дискусија помеѓу рускиот филозоф, писател, основач на руската геополитичка школа и евроазист Александар Дугин и 40 странски новинари со акредитација за работа во Русија.
„Нема да зборувам за тоа кој го започна сето ова, ќе зборувам зошто сево ова се случи. Во геополитиката и на големата шаховска табла нема неутрални држави-фигури. Ова што денес се случува во Украина е од геополитички и од геостратешки карактер. Ние со години се обидувавме да зборуваме и преговараме со западот на западен јазик, но ние не успеавме, сега е време да почнеме да зборуваме на руски јазик. Се работи за судир помеѓу копнените држави – Хартланд од една страна, против морските држави – англосаксите од друга страна. Овој судир беше неизбежен, иако Русија се трудеше да го избегне. Русија свесно ги прекрши условите за игра на Големата шаховска табла, каде што според англосаксонците, постои само еден играч. Русија се реши да премине во офанзива.“ – Александар Дугин
На големата шаховска табла во последните 15 години покрај англосаксонците се појавија два нови самостојни играчи, Русија и Кина, и сведоци сме на триполарен светски поредок. Макиндер во својата книга „Географски оски на историјата“, како и Бжежински во својата книга „Големата шаховска табла“ пишуваат за значењето на Украина од геостратешки карактер.
Според Дугин Русија пред 30 години ги прифатила западните неолиберални вредности, и Русија се откажала од Советските вредности, од вредностите за времето на Руската Империја, и Русија и Русите се трудеа да бидат како Западот. Но тој обид доживеа фијаско.
„Русија сакаше да биде рамнправна со Западот. Но Западот грубо ја отфрли Русија. Русија се реши за свој пат, кој што е правилен. Русија сама по себе е цивилизација, која што за основа ги има христијанските вредности, и традиционалните семејни вредности. Русија денес од страна на Западот е изолиран голем остров – тврдина. Но Русија многупати била изолирана во минатото, и била подложена на санкции. На крајот Русија секогаш победувала.“ – Александар Дугин.
Според Дугин како и низ историјата, и денес се води геостратешка борба помеѓу морските држави против копнените. Морските држави не се само Западот, тоа се модерните технологии, капитализмот, слободниот пазар, тоа е борба низ историјата помеѓу Рим и Картагена, Атина и Спарта, Венеција и Византинската Империја. Морските држави се базираат на материјалните вредности, на морската сила со голем број на колонии, и стратешки на доминација на морските држави над копнените држави, каде што моралот, воената копнена сила, традиционалните семејни вредности, односно битка помеѓу модернизмот и традиционизмот.
„Франсис Фукујама не беше во право кога во неговата книга „Крајот на светот“ издадена во 1992 година предвиде расширување на либералната демократија од западен стил низ целиот свет, и дека тоа сведочи за крајната точка на социо-културната еволуција на човештвото и формирањето на конечниот облик на владеење. Сето тоа се покажа погрешно. Во право беше Самуел Хантингтон, кој што во својата книга „Судирот на цивилизациите“ од 1996 година предвиде судир помеѓу цивилизациите, кој што денес се случува.“ – Александар Дугин.
Според Дугин Русија предолго чекала за да интервенира во Украина. 8 години Русија и Путин се надеваа дека со преговори и отстапки ќе се реши проблемот. Русија трпеливо чекаше, додека САД го пополнуваа вакумот во Украина, САД ја ставија Украина под своја контрола, и започнаа со ширење на својата воена инфраструктура. Украина се претвори во русофобска држава, каде што воскресна национализмот, отворено насочен против Русија. А Русија тоа не може да го дозволи. Пред Русија да се одлучи за овој чекор, Путин, заедно со политичкиот, воениот и економскиот врв на Русија ги имаат предвидено и разработено сите комбинации во оваа сложна шаховска игра, сите минуси и плусеви се ставени на вага. Путин не случајно имаше самити и преговори со претседателите на НР Кина, на Индија, на Иран, на Бразил, на Турција, со премиерот на Пакистан, со премиерот на Унгарија, со претседателите на Азербејџан и на Казахстан. Русија од 2007 година, поточно од Минхенскиот говор на Путин, се обидуваше да се договори со САД и НАТО, за европската стратешка безбедност. Русија предлагаше различни варијанти и планови за европската стратешка безбедност, истата да биде базирана на два постулати, но наместо тоа, САД го продолжи ширењето на НАТО кон границите на Русија, како и разместувањето на воената инфраструктура на САД и НАТО во близината на границите со Русија.
„Русите се познати дека бавно ги оседлуваат своите коњи, дека се трпелив народ. Но кога Русите се одлучуваат за акција, тие јаваат брзо и одат до крај. Путин не е ниту монархист, ниту националист, ниту комунист, ниту либерал. Тој е геополитик – реалист и прагматик. Путин не сака да го обнови Советскиот сојуз или Руската Империја, но за Русија од животна и од геостратешка важност се Белорусија и Украина.“ – Александар Дугин
Според Дугин, како резултат на руската воена операција во Украина, САД ги остварија своите стратешки цели во Европа на краток рок. НАТО е обединето како никогаш порано, Европа е ставена под целосна американска контрола и доминација. Започнат е процес на русофобија ширум Европа. Против Русија се води информативна војна на сите нивоа. Но тоа не е одржливо на долг рок. Русија во овој момент не ги достигнала своите стратешки цели во Украина. Кога Русија ќе ги достигне своите стратешки цели, целата стратегија и политика на САД во Европа и во Азија ќе се распадне. Русија во овој судир со Западот не е сама, позади Русија стојат големи и силни држави од Азија, Јужна Америка, Блискиот Исток и од Африка. Сите тие се борат за креирање на нов многополарен Светски поредок, и тие ќе ја искористат оваа шанса. Војната во Украина е шанса за континентална Европа да се ослободи од англосаксонското влијание и контрола, да се обедини Европа. Кога Кина ќе го врати Тајван под своја контрола, дефинитивно ќе биде ставен крај на англосаксонскиот светски поредок и неолиберални вредности.
Според Дугин распадот на СССР е повеќе геополитичка отколку идеолошка катастрофа, и на полето на големата геополитичка шаховска табла Русија реши да го исчисти регионот од англосаксонското влијание, и да го врати своето влијание. Украина е последната фаза од таа битка, која што го означи почетокот на создавањето на новиот Светски поредок.
Пишува: Дарко Тодоровски
Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар
Поврзано
Луганск – Изложба на трофејна украинска воена техника
За оние со празни животи
Како се храни руската армија во Украина?