НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Александар Китански ја превзеде градоначалничката функција во Пехчево

Новиот градоначалник на општина Пехчево Александар Китански денес го превзеде раководењето со општинската администрација во ЕЛС Пехчево. Тој во оваа прилика за јавноста соопшти дека воопшто нема да губи време и дека веднаш ќе започне со реализација на предвидените проекти од неговата програма.

Градоначалникот Китански изрази подготвеност за соработка со сите институции и поединци со намера Пехчево да стане подобро место за живеење во наредниот период.

„Време за губење нема. Веднаш започнуваме со работа и реализација на проекти, кои беа дел од мојата предизборна програма. Свесен сум дека нема да биде лесно, свесен сум за предизвикот, но само со напорна работа, трудољубивост и сплотеност, ќе ги оствариме зацртаните цели, да го направиме Пехчево поубаво место за живеење за сите нас. Ја користам оваа прилика да упатам пораки до Собранието и Владата на Република Македонија, бидејќи сите сме свесни дека за дел од проектите, треба финансиски да бидат поддржани од централната власт. Упатувам порака и до советниците на Општина Пехчево – време е за носење на разумни одлуки, одлуки кои ќе не сплотуваат, одлуки кои ќе се гласаат едногласно, за доброто на нашиот град. Упатувам порака и до вработените во општинската администрација – јас ќе подадам рака, тоа го очекувам од вас. Граѓаните на Пехчево очекуваат повисок степен на извршување на обврските. И на крај, упатувам силна порака до ЈКП Комуналец – граѓаните на Општина Пехчево очекуваат, како никогаш до сега, почисто, позелено и поубаво Пехчево“.

-соопшти Градоначалникот на Пехчево Александар Китански.

Извор: Брегалнички.мк

За авторот на оваа статија