НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Александар Китански: Поплавите оставија големи штети во локалитетот Равна Река

При неодамнешните поплави при што се излеаа од своите водотеци реката Брегалница и голем дел нејзини притоки и суводолици, поголеми штети беа предизвикани и во локалитетот Равна Река во Пехчево.

Денеска во рамки на координативниот состанок на градоначалниците од Брегалничкиот регион чии што оптини беа погодени од штети од поплавите беа продискутирани повеќе прашања и предизвици кои има потреба да бидат надминати во периодот кој претстои.

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански во изјава за медиумите оцени дека локалните власти биле оставени сами да се справуваат со кризната состојба без никаква помош од државата.

“Јас како градоначалник на Oпштина Пехчево присуствував на координативниот состанок во општина Кочани, по нивна иницијатива, мојата општина е засегната од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанаа големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН, истакна Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево.

-Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето.”

-соопшти Градоначалникот Китански во оваа прилика.

За авторот на оваа статија