Синоќа во театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес беше свечено отворена манифестацијата 59 Рацинови средби.
Како дел од петдневното чествување на 59-те Рацинови средби со почеток во 21 часот се одржа богата свечена програма која започна со поздравно обраќање на градоначалникот на Велес Марко Колев. Потоа се одржа Беседа за Рацин на проф.Михајло Марковиќ кој што низ Рациновиот пример уште еднаш ги потсети присутните во салата на театарот што значи да се биде Македонец, непокорлив пиреј кој секогаш одново се раѓа во самобитност. Потоа следуваше главниот настан доделувањето на Рациново признание и Почесното рациново признание.
Оваа година добитник на Рациновото признание е актерот, писател и режисер Александар Русјаков за својата книга-роман “Хотел меѓу две војни”.
Почесното Рациново признание беше доделено на проф.др. Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, Србија за неговата посветена дејност за промоција и афирмација на Македонскиот јазик. На програмата следуваше Обраќањето на добитниците на наградите како и мал Сценски перформанс посветен на Рацин. Програмата беше затворена со изведба на македонска музика: Орхидеја Дуковска (вокал), Благој Ламјов и Атанас Зафиров.
“Рацин е гордост.
Рацин е Велес.
Рацин е Македонија.
Нема други зборови за да се опише сето она што го почувствувавме вечерва на свеченото отворање на 59. Рацинови средби низ прекрасните стихови, театарски перформанс и разгалувањето на душите од музиката на Орхидеја Дукова, Благој Ламњов и Атанас Зафиров.
Беседата на проф.Михајло Марковиќ низ Рациновиот пример уште еднаш не потсети што значи да се биде Македонец, непокорлив пиреј кој секогаш одново се раѓа во самобитност.
Честитки на овогодинешниот добитник на Рациновото признание, Александар Русјаков со неговиот роман “Хотел меѓу две војни”, како и за проф.др. Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, Србија, кој со своето залагање и промоција на македонскиот јазик е заслужен добитник на Почесното Рациново признание.
Рацин е вечен, да го чуваме и негуваме неговото дело!”
-соопшти за јавноста градоначалникот на општина Велчес Марко Колев.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити