Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски по повод денешниот ден 7 Април кој што се одбележува како Светски ден на здравјето, го посети Основното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Во училиштето градоначалникот Стојјкоски заедно со претставници на менаџментот на училиштето ја промовираше втората сензорна соба во општината за лица со и без образовни потешкотии, која што е опремена со јаразлична опрема во функција на образовниот процес.
„ На Светскиот ден на здравјето се посветивме на учениците со попреченост. Интензивно работиме во насока на подобрување на условите за соодветно и еднакво образование, но и на зајакнување на инклузивните капацитети.
Во ООУ „Ѓорче Петров“ денеска ја отворивме втората сензорна соба на територија на општината наменета за лица со и без образовни потешкотии, опремена со реквизити и стимулаторни алатки, придружени од стручна служба, специјален едукатор и рехабилитатор.
На ваков начин се грижиме за ранливата категорија на ученици. Во ова училиште околу 20-тина дечиња ќе имаат придобивка од овој значаен проект.
Општина Ѓорче Петров останува фокусирана на инклузијата и на еднаквоста во сите сфери. Во оваа насока, размислуваме и за отворање дневен центар наменет за социјално-ранливи категории. Благодарност до општествено одговорните – фондацијата „Чекор по чекор“, здруженијата „Инклузива“ и „Хендимак“, општествено одговорната компанија „Зегин“ и фондацијата „Верица Механџиска“ кои помогнаа во реализација на сензорната соба.“
-соопшти Градоначалникот Александар Стојкоски за јавноста.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот