НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Амбициозните буџети на владите на Зоран Заев секогаш без исклучок паѓаат во вода, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Бојан Стојаноски-пратеник на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ vво Македонскиот парламент денеска од собранискиот прес центар имаше своја прес конференција во врска со започнатата процедура од страна на собранието за донесувањето на Буџетот на Владата на Република Македонија за 2022 година.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на неговата прес конференција:

“Денес во Собранието на Република Македонија започнува дебатата за Предлог – буџетот за 2022 година. Без дилеми, ова е Предлог буџет кој е историски највисок, кој е нереален и неразвоен со многу непродуктивни трошоци. Ова е најголемиот буџет досега, тежок дури 4,4 милијарди евра.

Имено, ова требаше да биде буџет кој ќе понуди решенија за претстојните предизвици со кои ќе се соочуваме и следната година, овој буџет требаше да понуди излез од кризата во која што се наоѓа Македонија, ова требаше да биде буџет со кој барем Владата ќе се обидеше да го врати секојдневниот живот на граѓаните во нормала. Сепак, желбите и нереалните очекувања се едно, а можностите се сосема друго. Фактите се поразителни и сурови. Оваа влада во заминување нема никаква идеја и концепт како да ја извади државата од оваа тешка и катастрофална ситуација во која што впрочем самата Влада предводена од СДСМ и Заев ја втурна и упорно ја води Република Македонија во амбис. 2021 година полека но сигурно завршува, но тоа воопшто не значи дека и проблемите ќе завршат со неа. Напротив, 2022 година и овој буџет ќе донесат уште поголеми проблеми и предизвици бидејќи оваа Влада нема никаква стратегија и идеја. Искуството досега јасно кажува дека Владата предводена од СДСМ постојано креира и продуцира лажни и нереални проекции кои немаат никаква допирна точка со реалноста.

Aмбициозните предвидувања на власта, секогаш без исклучок паѓаат во вода и се покажуваат како лага. Вели дека така е и овој пат.

Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари. Ова е одлично, но за жал, тоа е само на хартија бидејќи споредбено со претходните години, Владата на СДСМ никогаш нема надминато 19 милијарди денари реализација на превидените капитални инвестиции. Едно ветуваат и предвидуваат, а сосема друго прават. Од друга страна, ова е буџет со буџетски дефицит од 4,3%. Ова е податок кој отвора дилеми дали воопшто државата ќе може да си ги сервисира и плаќа своите обврски. Исто така, со овој Предлог буџет јавниот долг на Македонија ќе порасне за околу 800 милиони евра односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66% од БДП. Ова е фрапантен податок кој дефакто значи дека Република Македонија е пред банкрот. И замислете, Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев мува не ги лази. Тие упорно продолжуваат со истите приказни дека блескаме, дека економијата цвета, индустријата работи под полна пареа, здравството е меѓу најдобрите во Европа, образованието е реформирано, а граѓаните немаат никакви проблеми и се меѓу најсреќните и најбогатите во регионот. Сепак, вистината и реалноста се сурови и брутални.

Oпозицијата како одговорни пратеници постојано укажуваа и се борат власта конечно да разбере дека вака веќе не оди, вака веќе не смее и не може.

Не смее и не може да има пари за тендери, за партиски вработувања, за крадење и провизии, за луксузирање и авионски летови, а да нема пари за безбедни модуларни болници, за патишта, за училишта и градинки, и најново, во 21 век да нема електрична енергија. Токму затоа, како и во претходните години, со претходните буџети и ребаланси на буџети, така и сега како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме околу 200 амандмани преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се’уште може да се поправи. Имено, поднесовме голем број на суштински амандмани во сферата на енергетиката, образованието, здравството, но и во делот на животната средина. Ова се амандмани кои се произлезени од потребите и барањата на граѓаните и стручната јавност со цел амортизирање на шокот и намалување на штетите кои ни престојат во делот на енергетиката, економијата и здравството. Оттука, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ искрено се надеваме дека власта ќе се охрабри и конечно отворено ќе дискутира за предизвиците и проблемите кои ни претстојат и ќе ги прифатат нашите понудени решенија за доброто на народот на Република Македонија. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, најцрното сценарио за Република Македонија е речиси извесно. А тоа ќе го платиме и почувствуваме сите ние, без исклучок.”

За авторот на оваа статија

>