НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Добри сме, со две дози на вакцина, некој и со три, но дали имаме во нас доволно доза на љубов, мир и сигурност..

Забораваме да сакаме преку дела, а не само преку кажаниот збор, забораваме зошто постоиме и зошто треба да веруваме и се почитуваме, заборавивме на сите вистински вредности и фокусот го поставивме на сосема различна страна, страна која не одговара на човек кој е створен да љуби, да гради и ужива во своето постоење.

Одекнува гласно смеење, и секому му е чудно, оти веќе долго, долго само плач се слуша, грее сонце, и секому му е чудно, оти веќе долго, долго дождови се леат, и долго, долго сме во мрак па не’ плаши и тој еден сончев зрак , и оние двајца вљубени кои за рака се држат, и оние кои  лице в лице разговараат и си даваат нова шанса во живот.. чудните работи ги прифативме, а на реалните им се чудиме… во такво време сме, за жал… велиме имаме ние сега се, а душата ни плаче колку сме празни и колку всушност ние немаме.

А кај е љубовта? Каде е детскиот џагор? Каде ни се младите и полни шеталишта? Каде ни се гостите за родендени и слави?

Заборавивме да одиме едни кај други, заборавивме дека љубовта е голема и треба да се пружи дома, на саканиот, на исплашеното кутре, на детето кое од студ се тресе и ти бара денар за да купи леб…

Добри сме, имаме доза на вакцини но потребната доза и дијагноза сосема е погрешена.

Потребно ни е одново се, да не планираме за далечната иднина , бидејќи додека ние планираме нас ни минува миг од животот, утре може да е доцна, а денеска можеби е вистинското време за нови промени и победи.

Гледаме далеку стоејќи во место, се враќаме во минатото со носталгија, размислуваме што би смениле, а пак ја заборавивме сегашноста и мигот во кој сега живееме.

Минатото да го смениме не можеме, туку само ќе се сеќаваме, иднината ако ја планираме ниту едно исплинаирано  нешто нема да тргне по тој ред, и ни останува само сегашноста во која се будиме и со сета сила се трудиме да ја освоиме, да добиеме нешто, да не се загубиме и пак да останеме при своето.

Покрај дозата на вакцини, ајде сите да си дадеме доза на љубов, зарем не би било поубаво кога и зимата ќе ја стоплиме со наши раце, зарем не би било поубаво кога некому пред Нова година ќе му подариме љубов, зарем не би било поубаво кога топол напиток би ни станал љубов, и секое лошо го смениме со добро, и срцата ледени се преполнат од љубов, и повторно човек да е со човек, и повтроно да не не’  плаши гласното кикотење, кога повторно ќе уживаме во секој миг од животот , и стравот и паника ќе останат во заборав а ние ќе славиме и уживаме во доза љубов која ја заслуживме !

Пишува: Ана Љубиќ

За авторот на оваа статија

>