НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Сокриено како гнездо во најгорниот дел на Долно Поле со надвиснати куќи една над друга, распоредени по падините на Голак и Загазо, со лицето свртено кон изгрејсонцето се наоѓа востаничкото и револуционерно Разловци чии храбри жители со својата решителност испишаа светли страници во македонската историја. 

Разловци лежи на левата страна на реката Брегалница, на надморска висина од 707 метри и површина од 60 км2. Првата гледка на Разловци, неговиот посетител ќе ја има откако ќе стигне до Овча Глава кога убавиот асфалтен пат ќе почне да се спушта надолу.

Фото: Панорамски поглед кон село Разловци од “Овча глава”

Оттука Разловци плени со својата убавина, зеленилото на Долно Поле, многубројните пасишта, ливади и шуми, а по благите падинки распоредените разловечки колиби како монистра од тој прекрасен ѓердан.

Фото: Изглед на една од селските колиби во стариот дел од селото Разловци

Оваа местоположба на селото придонело уште од најстарите времиња оваа убавина да биде населена зашто сведочат старите живеалишта во околината на Разловци: Рајанец, Селиште, Градишен Чукар, Старото Село, Селото и др. Во некои од тие населби живот имало до Востанието. Најдоцна замрела населбата Селиште. Во досегашното постоење Разловци е познато како село Разлошница, Разловца и денеска Разловци.

Фото: Една од селските улички во Разловци прикажани на стара датирана фотографија

За денешните разловчани не е познат топонимот Разлошница. Можеби тоа била населбата што разловчани ја викаат Старото Село, а двата чифлика Долно и Горно Поле.
Во 17 век во потрага за подобри животни услови, подгонети од турските власти 12-13 фамилии од Разлог и околината дошле во Пијанец и застанале кај жителите на населбата Рајанец во Долно Поле. Меѓу нив имало занаетчии како терзии, бојаџии, колари, ќуркчии и сл.

По некое време тие ја напуштиле Рајанец и одлучиле да дојдат во горниот дел на Долно Поле и почнале да ја чистат денешната местоположба на Разловци која во тоа време била со високи и големи дабови дрвја, т.н. Благун даб. Така почнала да се создава новата населба на разловчани- денешно Разловци.

Покрај црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” и старата училишна зграда во нејзиниот двор за која што пишувавме во Школството и просветителскиот живот во село Разловци селскиот бунар во центарот на селото крие огромен број на тајни и случувања кои гравитирале во овој дел од Македонија.

Фото: Изглед на селскиот бунар во центарот на селото низ времето

Староседелците од околните живеалишта за занаетчиски услуги доаѓале кај разлогчани, а потоа почнале да ги напуштаат старите живеалишта и да се населуваат воновата населба. Така растела населбата, засметка на старите населби кои пропаѓале. Од разлогчање постанало разловчање, а од тоа и името на населбата Разловца. Научните работници сметаат дека името на селото потекнува од топонимот Разлог што значи рамнина и навистина од сите страни оградена со планини.

Село Разловци е единственото село во Делчево но и пошироко во регионот за кое што меѓу првите села властите имаат изготвено ДУП.

Стариот и новиот дел од селото според деталниот урбанистички план е поделен со реката Брегалница а врската помеѓу едниот и другиот дел на селото е предвидено да се одива преку два мостови.

А токму мостовите преку реката Брегалница се главниот проблем и потреба на разловчани во рамки на нивното секојдневие. Преку овие мостови се поврзуваат живеалиштата со нивните имоти кои што ги користат за земјоделски активности.

Фото: Остатоци од стариот дрвен мост кој бил изграден некаде во 1992-1993 година и ја обавувал својата функција се до 2007 година

Денеска централна фигура на архитектурата на село Разловци претставува Спомен домот на Разловечкото востание.

Објектот е проектиран во 1973 година а негов автор е Македонскиот архитект Георги Константиновски. Поради инвестициски проблеми неговата изградба се одложила за три години во 1976 година кога за време на одбележувањето на стогодишнината од кревањето на Разловечкото востание бил поставен камен темелникот на оваа импресивна градба.

Свеченото пуштање во употреба на Спомен домот на Разловечкото востание било реализирано на 10-ти мај 1981 година

На оваа свеченост присуствувал лично Генерало Михајло Апостолски кој што тогаш бил претседател на Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови.”

Таа година ова архитектонско дело било номинирано за најпрестижната награда за архитектура во бивша СФРЈ што ја доделувал весникот “Борба”, т.н. Борбина плакета.

Жири комисијата која што била составена од пет членови со воодушевување ја прокламирале оваа награда:

„Спомен-домот во Разловци внесува нова содржина во старата селска населба и на извесен начин претставува продолжување на умеењето на анонимниот градител. Објектот е мисловно прочистен, материјалите се сведени на својот основен израз.“

Во Спомен домот на Разловечкото востание била сместена историска поставка со документи и предмети од периодот на востанието. Но поради политички влијанија на тогашните власти поголем дел од оваа музејска постановка вклучително и реплика од знамето на Разловечкото востание била пренесена во Берово. Во приземниот хол на Спомен домот на Разловечкото востание денес егзистира фотографската изложба со копии од оригинални документи, лица и настани.

Во 2013 година во рамки на одбележувањето на 137 годишнината од Разловечкото востание во холот на домот повторно на свечен начин беше поставена реплика од знамето на Разловечкото востание подготвено специјално за оваа пригода од страна на Градоначалникот Дарко Шехтански.

Спомен домот на Разловечко востание бил посетен од страна на Борис Трајковски во периодот на неговата предизборна кампања за Претседателските избори во 2000 година.

Во продолжение погледнете дел од живописната стара селска архитектура на село Разловци која како нем сведок сведочи за премрежјата кои што овие дела на напатените човечки раце ги посведочиле низ времето:

Извор: Брегалнички портал

За авторот на оваа статија

>