Восхитувачка и незаборавна глетка на мостот од 19-тиот век чија што рефлексија во водата формира идеален круг.
Сместен помеѓу бескрајното зеленило во Кромлау-паркот во Источна Германија со својата дтално формирана закривеност на лакот е исто така познат по германскиот назив Rakotzbrücke. Неговата конструкција е намерно така изведена за телото на мостот заедно со неговата рефлексија во водата под него да формираат совршен круг гледан од страна.
Напревен по нарачка на локалниот витез од малиот град во 1860 година со исклучително тенок лак, неговата конструкција се состои главно од локален камен.
Со својот несигурен изглед овој мост влегува во групата т.н. мостови на ѓаволот кои се присутни низ Европа, поради својот опасен визуелен ефект кој го оставаат кај луѓето кои веруваат дека вака опасни градби најверојатно се градени по налог на Сатаната.
Но сепак мостот иако бил граден од страна на луѓе градители за негова функционалност сепак кај него доминира визуелниот ефект за естраваганција многу повеќе од неговиот ефект на употребливост. Ден денес мостот може да се види во паркот, но минување преку него е исклучително забрането.
Најубав визелен ефект мостот со својата околина остава во есен, поради богатата колоритност околу него. Најдобро доживување може да доживеета ако пристигнете во близина на мостот со автомобил. Така ќе имате можност целосно да се препуштите на боите на живописната околина, на самиот мост и неговата рефлексија во водата.
Поврзано
Факти од природата: Како се храни младенчето-кит со мајчино млеко?
Кучешки живот
Чудотворните можни примени на растението Коноп. Причини за негова забрана