НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 17, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

„БАЛКАНСКИ ДИАЛОГ 2021“

Пренеси ја вистината

Во преубавата Москва, од 18-ти до 21-ви ноември се оддржа традиционалниот настан „Балкански дијалот“ во организација на Фондот Горчаков. „Балканскиот диалог 2021“ беше посветен на најгорливите прашања за земјите од Балканскиот Полуостров во глобален контекст. Учесници на проектот беа млади специјалисти од областа на меѓународните односи, политиката, економијата, историјата на балканскиот регион, новинари, претставници на непрофитни организации и владини агенции од балканските земји и од Русија. На настанот учество зедовме и тројца претставници од Македонија, и за време на целиот настан се застапувавме за интересите на Македонија.

Во 2021 година, „Балканскиот диалог 2021“ беше вклучен во голем број официјални настани на годината на историјата на Русија и Грција. Посебен акцент во програмата беше ставен како на интензивирањето на руско-грчката соработка, така и на историската страна на процесот на формирање на Република Грција пред 200 години, кога со помош на Руската Империја, на Британската Империја и на Франција беше создадена Грција. Други теми на кои што беше ставен акцент беа и улогата на Балканот во триаголникот Русија – НАТО – ЕУ, за економските проекти и интеграциони проекти на Балканот, за меката сила и за јавната дипломатија, како и за улогата на младите во односите помеѓу Русија и Балканот. Настанот започна со воведни свечени обраќања на раководните лица на Фондот Горчаков, како и на претставници на Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.

„Треба да живееме во нов свет на меѓусебно разбирање. Балканскиот Полуостров не треба да стане точка на војна, туку пример за да се покаже различниот менталитет на земјите од ЕУ. Мораме да запомниме дека во другите земји многу често е црно-бело, љубов или омраза; треба да се оддалечиме од тоа да бидеме опседнати со интересите на поединечните држави[1]“, заклучи Костас Исихос, бивш заменик министер за одбрана на Грција во 2015 година.

Сите учесници на настанот беа согласни дека Балканскиот Полуостров денес повторно има геополитичка тежина, во услови на новата реалност, Студената војна 2 помеѓу Русија и Западот, како и Студената војна помеѓу САД и НР Кина. САД и ЕУ, пред се Берлин, имаат за цел да го вклучат целиот Балкански Полуостров во НАТО и во ЕУ, и да го интегрираат во својата сфера на влијание. Од друга страна, Русија, НР Кина немаат ништо против интеграцијата на регионот во ЕУ, но имаат против интеграцијата на регионот во НАТО, и расширувањето и разместувањето на НАТО воени бази и инфраструктура на Балканот.

Стефано Пилото, професор по историја на меѓународни односи на MIB School of Management во Трст (Италија), го оцени степенот на интерес на земјите од балканскиот регион за приклучување кон НАТО блокот: „За западниот свет, Европската унија е многу продуктивна економска соработка, а НАТО е инхерентно одговорен за безбедноста. Но, денес Алијансата не работи на стабилизирање на ситуацијата на Балканот. Ова главно се должи на фактот што НАТО беше создаден за време на Студената војна, а земјите од ОБСЕ го доживуваа попрво како непријател на социјалистичките земји, кој може да ги нападне во секој момент. Сега Алијансата се приближува до границите на Русија преку Балканот, предизвикувајќи закана од дестабилизација на регионот. Не сите балкански земји ќе го поздрават силното внимание од страна на НАТО[2]“.

Факт е дека Русија не може да се натпреварува ниту со ЕУ, ниту со САД, ниту со НР Кина па и со Турција на економски план, како и планот на меката сила на Балканскиот Полуостров. Како резултат на историските, културните и религиозните врски Русија ја оддржува својата силна позиција и влијание на Балканот. За разлика од ЕУ кој што му нуди на регионот интеграција во ЕУ како и создавање на „Отворен Балкан“, или за разлика од НР Кина која што го вклучи регионот во „Форматот 16+1“ (формат за соработка на НР Кина со земјите од централна Европа и Балканскиот Полуостров), или САД преку интеграцијата на регионот во НАТО, Русија денес не може да му понуди на регионот економски и интеграциски проекти какви што му нудат ЕУ и САД, како и НР Кина.

Стратегијата на Кина беше анализирана од Екатерина Ентина, доктор на политички науки, професор и заменик-проректор за наука на Вишата школа за економија, раководител на Катедрата за црноморско-медитерански студии на Институтот за Европа на Руската академија на науките: „Доаѓањето на Кина во Југоисточна Европа ја комплицираше и геометријата на односите во регионот и меѓу нерегионалните актери. Пред активното вклучување на НР Кина во балканскиот простор, тој претставуваше зона на условно вкрстување на интересите на Западот и историски условеното внимание кон регионот на Турција и Русија. Пекинг има свое проширено разбирање за регионот, а недостатокот на историската и социокултурната база и дава слобода на маневрирање на Кина. Активното зголемување на кинеското присуство беше изненадување за локалните елити, што доведе до поларизација на оценките и мислењата за целите на Пекинг на Балканот. Сепак, Балканот е осуден да биде предмет на конкуренција поради нивната геополитичка положба, а неговиот транзитен потенцијал е тој што ги привлекува кинеските колеги[3]“.

          Во моментов, сведоци сме на водењето на анти-руска и на анти-кинеска пропаганда на Балканскиот Полуостров. Информационата војна е посебно актуелна во виртуелното пространство, и таа во наредниот период ќе се интензивира. Сите оние кои што се залагаат Балканскиот Полуостров да има добри односи со сите големи светски сили, се оцрнуваат и се етикетираат во рамките на таа информациона војна. На Балканот има илјадници невладини организации, Центри за Анализа кои што се финансирани од Западот, како и голем број на медиуми, плус во активен подем е турската и кинеската мека сила, додека Русија за жал не е присутна на тоа поле на Балканот.

Федор Игнатијадис, претседател на грчко-рускиот клуб „Дијалогос“, го истакна контекстот во кој се развиваат меѓународните односи денес: „Живееме во услови на информативна војна објавена на Русија од колективниот Запад. Згора на тоа, во оваа информативна војна, нашироко се користат оние средства што не беа користени во таков обем дури ни во времето на Студената војна. „Бевме сведоци на широки кампањи за дискредитација на Русија во Грција, протерување на руски дипломати од пресилен причини. Како треба да се менуваат медиумите во вакви услови? Во овој поглед, постои поместување на семантичкиот акцент во политиката на публикации од информативната кон аналитичката компонента[4]“.

Покрај овие главни теми, беше дискутирано и за актуелните прашања од „вакцинската дипломатија“, односите на балканските земји со ЕУ во ерата на миграциската криза, улогата на невладините организации во ширењето на радикализмот на Балканот. И учесниците на „Балканскиот Диалог 2021“, како и експертите кои што имаа свое излаѓање, се категорични дека Балканот поради својата историја, култура, мора да има добри односи со сите светски сили, бидејќи на Балканскиот Полуостров се пресекуваат интересите не само на светските сили како САД, НР Кина, Русија и на ЕУ, туку и на регионалните држави како Турција.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија