НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Барање за помилување на Нинџа до Стево Пендаровски

Пренеси ја вистината

Денеска на прес конференција пред Министерството за правда во центарот на Скопје портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја алармира јавноста за намерите на власта да го помилуваат лицето Александар Василевски Нинџа

Ваквата намера на надлежниот министер Бојан Маричиќ во огромна мера го дефинира процесот за осудување на Македонците за настаните на 27 април во 2017 година во Македонскиот парламент како класична судско-обвинителска монтажа во изведба на крунскиот сведок Нинџа.

“Режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев. Ова е сликата за неправото и неправдата во Македонија со СДСМ/ДУИ.

Помилувањето на Нинџа доаѓа на барање на министерот Бојан Маричиќ, чие што министерството за правда на Бојан Маричиќ овој документ го има испратено до кај Стево Пендаровски! Обидот за префрлање на вината е лага, СДСМ, Заев, Маричиќ и сите други инволвирани, точно знаеле што прават и кој се е на списокот за помилување. Ова е цената за изјавите и сведочењата на Нинџа за над 200 години затвор! Изјавите на Василевски Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за обвинителството и за судот за спроведување на политички прогон. И тоа беше улогата и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа. Желбата и намерата на СДСМ/ДУИ да го помилува Нинџа е доказ за сите наводи и посочувања за монтирани случаи, за некредибилност на постапката, за некредибилност на доказите, некредибилност на сведочењата и целосна некредибилност на сведоците, што всушност беше оспорувано и докажувано и во текот на политички монтираните судски процеси.

Тој додава дека ќе повторам, луѓе се затворени на над 200 години затвор врз основа на изјава на Нинџа, крунскиот сведок за политичките кариери на Русковска и Кацарска, а Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување.

Да потсетам, Александар Василевски-Нинџа е осуден зa тероризам! Има најмала пресуда, а апелација му ја намали, па користи и право на викенди, сабота и недела ги поминува надвор од затворот. За Македонија нема ништо полошо од СДСМ и ДУИ”

– соопшти во изјава за медиумите портпаролот Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ .

a

За авторот на оваа статија