Претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика Марко Бислимоски во своето гостување во вестите на Сител ТВ зборуваше за мотивите за зголемените акцизи со кои што директно се влијаеше на цената на нафтата и нафтените деривати. Тој во голем дел од своето интервју се обидуваше да ги релативизира штетните политики на владата кои што тој ги спроведува додека целокупното население во државата се соочува со вртоглав раст на цените на енергенсите кои што пак предизвикуваат лавина на поскапувања на животните намирници во широкопотрошувачката.
“ Понижувачки за народот е тој што зема 127.000 денари плата, што посредно им зема на луѓето превисоки акцизи за секој литар бензин, истиот тој да ги релативизира цените кои ги покачува, додека на многу граѓани тие поскапувања им го загрозуваат животниот стандард“
-соопшти пратеникот Антонијо Милошоски вом врска со обидите на Бисломоски да ја релативизира лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари