Она што е важно да се истакне дека историскиот говор на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Европа сигурно ќе наиде на непријателски тон кај негаторите на Македонското постоење особено во бугарскиот политички естаблишмент, но во услови на интерконектирана зависност на светските геостратешки интереси на регионот на Балканот, ваквата постапка на Николоски заслужува своја афирмација и валоризација во колективното паметење на Македонскиот народ.
По своето обраќање од конференцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа имаше свое гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ АЛФА каде меѓу другите теми за кои што зборуваше ги образложи и причините и генезата за ова негово значајно обраќање на највисоко ниво во Европски рамки.
Како ниту еден актуелен политичар од Македонија Николоски покажа како треба да се однесува еден Македонски политичар во време на историски крстопат кога идниот развој на настаните на регионално и светско ниво се дефинира денеска со актуелните текови.

„Мислам дека Македонскиот народ како еден напатен и намачен народ но во исто време и како мал народ, мора секогаш да наоѓа начин да ги искористи тековите на светската политика и историја. Не смееме веќе како народ да бидеме наивни и да одиме спротивно на ветрот. Македонскиот народ досега два пати ги искористи тековите на историјата и многу пати отиде спроти ветрот. Тие два пати кога ги искористи тековите на историјата направи држава. Првиот пат е Втората Светска Војна кога Македонскиот народ ја избра вистинската страна- Антифашистичката страна иако имаше делови од народот кои што мислеа дека треба да се одбере и другата страна – страната на Хитлер, но огромно мнозинство од народот ја одбта антифашистичката страна и како резултат на тоа пред се антифашистичко и национално движење се создаде Македонската држава само за жал на еден дел од територијата на географскиа Македонија- оваа Македонија која што ја имаме денес коко федерална единка на поранешма Југославија. Во тој момент тоа беше максимумот кој што можеше да се стигне.
Во тое 45 години бројни генерации пред се дејци на ВМРО сонуваа за независна и обединета Македонија со демократско парламентарно уредување и под западен протекторат. Ова се зборови запишани во нивните пресуди кои што Југославија ги има против бројни дејци на ВМРО.
Кога почна да паѓа комунизмот на крајот на 80-тите години Македонскиот народ ја препозна таа шанса, успеа да се издвои од поранешна Југославија низ еден демократски референдум на 8-ми септември 1991 година да изгласа независност и да создаде своја држава. И тоа се два позитивни примери кога условно кажано се искористи тој бран и се одбра вистинската страна иако имаше и во двата случаи луѓе кои што размислуваа поинаку. Има се уште активни „мислители“ кои што велеа дека самостојна Македонија само преку нив мртви и кои што велеа дека Македонија не може да функционира надвор од Југославија но еве ја Македонија функционира.
Сега мислам дека е таков историски момент. Никој не очегуваше дека во 21 век ќе се случи војна особено не на европско тло. Во услови кога се разговара за зелена агенда кога се разговара за дигитална трансформација кога се разговара за вселенски истражувања, кога буквално на една плочка го гледам телефонот пред вас го имате целиот свој живот од начин на плаќање до начин на забава, никој не можеше да помисли дека ќе се случи војна и тоа жестока војна каква што се случува. Имајки предвид дека се случува војна, јасно е дека историјата ќе зафати еден тек и мислам дека човек да е минимум одговорен и писмен а тоа е задача на нас политичарите мора правилно да им ги претсави на луѓето и на народот работите. Особено во услови на широко развиена пропаганда во 21 век. А за Македонија и Македонците работите се едноставни ние сме мали и не можеме да бидеме дел од оваа работа и од нас ништо не зависи. И затоа на луѓето им изгледа и помалку смешно кога одредени наши политичари уште што нели не отишле да војуваат. Но во исто време Македонија и Македонскиот народ треба да знаат дека огромно мнозинство на светската и европска јавност е со симпатии кон Украина и Украинскиот народ а гледа со презир кон водството на Русија. Затоа што тие уништувања кои што се случуваат секојдневно во Украина- убиството на цивили, на деца, нападите на болници никој не може да ги оправда без разлика на тоа кои биле мотивите за тоа да се случи. Се додека нешто може да се реши на маса, војната никогаш не е алтернатива.
И во такви услови Македонскиот народ треба да види каде може да се најде себе и како да искористи најдобра корист за себе како во Втората светска војна и како во падот на комунизмот. Таква мудрост не гледам кон актуелната владечка гарнитура и затоа решив да го направм овој потег. Кога сите камери беа свретени во Стразбур и кога сите зборуваат дека украинците страдаат и кога беше јасно дека Русија ќе биде исклучена јас решив да го искористам тој бран и во корист на мојот на Македонскиот народ да кажам дека има и втор народ во Европа кој што е жртва на негирање на омаловажување и на непризнавање а тоа е Македонскиот народ. Затоа што Македонскиот народ е поделен во Балканските војни, затоа што Македонскиот народ доживува многу егзодуси од кои што најголем е оној во времето на грчката граѓанска војна помеѓеу 1945 и 1949 година, и затоа што МАкедонскиот народ е оспоруван би рекол од најголем дел од своите соседи. Се оспорува самобитноста на Македонскиот народ, се оспорува самобитноста на МАкедонскиот јазик, Македонската историја, култура и црква.
Досега ние не сме имале шанса тоа да го слушне европската и светската јавност иако ние сме мислеле дека знаат, најголем дел не знаат. Затоа што сме премала држава и премала нација да се троши енергија. Но во вакви услови кога условно кажано голема нација страда затоа што украинците се 42 милиони а ние сме само 2 милиони кога ќе се спои едната со другата приказна тогаш сите слушаат и затоа на овој начин ја направив работата. Се надевам дека ќе биде еден мал придонес кон афирмирањето и на Македонскиот народ и на Македонскиот јазик и на МАкедонската самобитност. Секако има и многу други во Македонија кои што очекувам да го дадат својот придонес.“
-пренесе Александар Николоски- потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во врска со своето обраќање на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Целата емисија со Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на ТВ АЛФА може да ја погледнете на видеото во продолжение.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити