Новиот градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски на социјалните мрежи се пофали со уверението за неговата градоначалничката функција- доверба што ја доби од граѓаните на Лозово во вториот круг ан Локалните избори одржани на 31 октомври.
Притоа тој упати неизмерна благодарност на своите сограѓани како и на сите соработници и луѓето кои што му пружаа поддршка во изминатиот период.
За сите нив градоначалникот Цветковски изрази длабока решителност за исполнување на зацртаните проекти во непосредна соработка со сите граѓани со цел за градење на подобра иднина за сите луѓе.
“Сите тргнавме со желбата за посветла иднина, понесени од желбата на граѓаните да имаат иднина во која ќе чекорат на здрави нозе, иднина што ќе означи отвоарање нов прозорец на можности и нова страница за генерациите кои доаѓаат… Ви благодарам на сите што одевте со мене кога ми требаше поддршка, благодарам што одевте пред мене кога ми требаше водство и благодарам што одевте зад мене кога ми требаше некој да ми го чува грбот.. Зборовите не можат да ја изразат благодарноста што ја чувствувам…Само ќе кажам: 1000х БЛАГОДАРАМ!!
Сега дојде моментот, Вие и Јас како градоначалник на Лозово ја преземаме должноста и одговорноста за сите неотпочнати и незавршени работи и започнуваме да работиме заеднички и одговорно во градењето подобро утре за сите луѓе “
-напиша на фејсбук Градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот