НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 19, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Британски документи за востание во Македонија од 1841 година

Пренеси ја вистината

Некои недобронамерни извори често ја пласираат тезата дека терминот „Македонија“ почнал да се користи по Берлинскиот конгрес од 1878 година, кога по формирањето на бугарското кнежевство, како и зголемувањето на териториите на Србија, Црна Гора и Романија, остатокот на Турската империја од централниот дел на Балканот бил јасно дефиниран од страна на Големите сили како Македонија. Меѓутоа, од британски извори од периодот 4 децении пред Берлинскиот конгрес дознаваме дека за Британците Македонија била посебна земја со јасна дистинкција во однос на Бугарија и Тесалија.

Имено, од следните извадоци од британските документи од 1841 година се гледа дека во пролетта истата година се случило востание во регионот помеѓу Халкидики и Ниш, а опфатени биле и градовите Скопје, Врање и Солун. Не е дефинирано точно кој го дигнал востанието, меѓутоа, се говори само за „христијани“ без да се потенцира националноста. Треба да се напомене дека тоа е период кога на ова подрачје постоела само една црква, грчката Патријаршија, а борбата на негрчките (словенски) народи против духовното ропство само што не било започнато. Во тој период веќе постоеле соседна Србија (во рамките на Белградски пашалак, нешто проширен), како и Грција која главно се простирала на Пелопонез до границата со Тесалија. Тоа се случувало во околности на постоење на сѐ уште единствената агенда за уредување на Балканот според грчка стратегија, но по руска мера, а тоа е „Мегали идејата“, чиј татко е Гркот Ригас Велестинлис (1757-1797). Имено, Русите сметале дека ако се обнови една Византиска православна држава, тие ќе можат да ги заштитат своите интереси на Балканот, и затоа ја поткрепувале оваа идеја. Според документите, се гледа дека Русите го финансирале спомнатото востание од 1841 година, во кое веројатно учество зеле сите народи кои живееле во спомнатиот регион. Во овој период Британците будно ги следеле настаните и очигледно не ги поддржувале грчките амбиции зашто сметале дека една голема грчка православна држава би била под руска сфера на влијание.
Така, во писмото од британскиот конзул во Солун Чарлс Блант испратено до Виконт Понсонби, британскиот амбасадор во Цариград, од 3 мај 1841 година, меѓу другото се вели:

„… имав чест да ја запознам Вашата екселенција дека кружат извештаи во овој град (Солун), за избувнатите немири во Босна и Србија; изгледа дека овие извештаи се основани , и според вестите што се примени, се работи за востание од многу сериозна природа , кое сѐ уште трае, во Ниш, Скопје и во Врање.

Властите од Солун, располагаат, тие велат, со информации дека плановите на ова востание биле тоа да се прошири до Солун, поради што од градот и околијата се собрани три илјади војници… Ковачите на оружјето се под заштита и им се заканува затвор ако го поправаат оружјето на христијаните…

Што се однесува до немирите во Ниш, Скопје и Врање, известен сум дека востанието избувнало поради угнетувањето што го вршеле мохасилите (обласните управители).“
А, во писмото од 17 мај 1841 година Блант го информира Понсонби дека:

„…Калуѓерот Иларион вели дека бунтовниците биле снабдени со руски пари (во франци).“
Понатаму, во писмото на Понсонби до британскиот секретар за надворешни работи Палмерстон, од 26 мај 1841 година, стои:
„….Јас го предупредив Решид Паша, пред повеќе месеци, но залудно, за плановите на Грците (охрабрувани од грчката влада, зашто дознав дека било така) кон Тесалија и Македонија итн. и имале намера да ги извршат оваа пролет.“

А, во писмото на Чарлс Блант до капетан Дејвис, од 18 јуни 1841 година се вели:

„…Ве информирам дека поради големата возбуда меѓу населението на овој град (Солун), што настана поради пристигањето на веста за востание во Бугарија, … три илјади лица од Грција се рапрснале по Бугарија, Македонија и Тесалија, со намера да создадат немири.
Од горното е јасно дека Британците во овој период не ги поддржувале Грците, зашто сметале дека една голема грчка православна држава би била под руска сфера на влијание. Ова е уште еден доказ дека една политика и интерес не мора да биде од константен карактер, односно дека работите може да се сменат во спротивен правец, ако се има соодветни политичари. Грците ја искористиле Русија за своја отскочна даска, за подоцна да скокнат во британска прегратка. Таа љубов трае и до денес.

Истовремено, од изложеното е јасно дека Македонија за Британците претставувала одделна сфера на влијание од Бугарија, што ќе стане јасно по случувањата што следат (посебно на Цариградската конференција 1876/77 итн.).

Извори: Британски документи за Македонија (1840-1847)

На сликата Ригас Велестинлис, таткото на „Мегали идејата“.

За авторот на оваа статија