НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Бугари во Македонскиот устав? Што е со Македонците, Турците, Тракијците и Ромите во Бугарскиот устав?

Во името на демократијата, европските правни норми и светските цивилизациски вредности зошто Бугарија не ги стави Македонците, Турците, Ромите и Тракијците во својот устав?

Наспроти гледање во сопствениот двор и решавање на проблемите на граѓаните на Република Бугарија Румен Радев гледа во комшискиот двор преку оградата и се занимава со туѓи прашања. Велиме преку оградата затоа што Бугарија со децении наназад одбива (директно или индиректно) да се поврзе сообраќајно со современи патишта, железници и авионски линии со Република Македонија создавајки вештачка бариера за граѓаните од двете страни на границата. Доказ за ваквото подигање на невидливи огради е константното одложување на поврзувањето на Струмјани, Кресна и Сандански од од страна на бугарските власти преку граничниот премин Клепало со Берово и Пехчево од Македонска Страна. Или пак ајде да се запрашаме зошто не се афирмира проектот за автопатско поврзување меѓу Ќустендил од Бугарија и Македонија преку месноста Црна Скала во Делчево, каде на времето постоел граничен пункт?

Зошто Румен Радев и премиерите на Бугарија (досегашни и идни) не покажат дека навистина сме “братски хора” па да овозможи бришење на ваквите невидливи граници во една просперитетна Европа во рамки на Балканот без физички пречки меѓу тој “братски народ”? За волја на вистината ваквата невидлива ограда од двете страни на границата меѓу Бугарија и Македонија ја стимулираат и политички структури во Скопје на кои од само за нив разбирливи причини им одговара да бидат разделени македонските семејства од двете страни на Македонско-Бугарската граница.

Каде е Румен Радев да побара во бугарската јавност впишување на Македонците, Турците, Ромите и Тракијците во Бугарскиот Устав, имајки предвид дека сите овие граѓани чинат над 50% од бугарското граѓанско ткиво?

Или за вештачко “билдање” на сопствениот политички рејтинг пред бугарскиот електорат за Румен Радев полесно е да ги прескокнуива домашните прашања и проблеми на бугарските граѓани и да решава внатрешни прашања на туѓа држава. Барањето за заштита на правата на Бугарите во Македонија, па макар тоа било и еден единствен Бугарин кој живее во Македонија, е легитимно прашање.

Иако за прашањето на граѓанските права на секој поединец бројноста на етникумот на кој припаѓа не игра улога затоа што сите граѓани треба да се еднакви сепак Румен Радев се обидува во јавноста шпекулативно да лиферува колку Бугари според него имало во МАкедонија.

Ај што Румен Радев е претседател на Бугарија, тој се обидува да биде и пописна комисија во Македонија. Но ајде да ги почекаме резултатите од пописот кој што беше спроведен во Македонија па тогаш да зборуваме за бројки и припадности…

Прашање за граѓанските права на на Бугарите во МАкедонија треба да се афирмира во јавност, исто како што треба да се афирмира во јавност и прашањето за правата на Македонците, Турците, Ромите, Тракијците… во Бугарија.

Затоа ајде вистински да се занимаваме со европски вредности и просперитет на граѓаните од двете страни на границата. Ајде да ја обединиме Бугарија со Македонија во една заедничка обединета Европа како дом за сите граѓани- подеднакво!

За Брегалнички Портал Пишува: Кирчо Анастасов

За авторот на оваа статија

>