НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 7, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Цената на лебот порасна за 110% а на брашното за 40%, владата да интервенира со стоковите резерви на пазарот, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до владата и надлежните, а особено до Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски да интервенира со пуштање во оптек на стокови резерви на пченица со цел за стабилизација на цените на брашното и лебот во државата.

Тој ги прозва надлежните дека работат неодговорно и наштета на Македонските граѓани.

“Владата се однесува неодговорно, и ги остава цените на брашното и лебот да растат. Народот од ден во ден плаќа поскап леб. Цената на брашното изминатат година е зголемена за 40%, а на лебот и до 110%,”

-соопшти Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја повика повторно владата, доколку навистина стоковите резерви со пченица се полни, веднаш да интервенира на пазарот, за да се намалат цените на брашното и лебот.

“Доколку не интервенира на пазарот отворено се сомневаме дека државата е оставена без доволно стокови резерви во ек на криза, и за тоа некој треба да понесе одговорност. Дополнителен сомнеж внесува објавата на социјалните мрежи на Љупчо Николовски, кој вели дека договорил увоз на пченица од Бугарија, по што веднаш уследи реакција од комората на мелничарите и трговците, од каде изјавија дека нашите компании немаат договорено пченица со Бугарија, туку со добавувачи од Србија, па изразија сомнеж за кого Николовски ја договара оваа пченица? Ако мелничарите и трговците немаат договори за увоз на пченица од Бугарија, за кого тогаш Николовски договара увоз, дали всушност се работи за полнење на државните резерви, што се исклучува како можност, бидејќи владата тврди дека резервите се полни, или пак се работи за договарање на увоз за фирми блиски до власта, кои треба да извршат реекспорт на истата пченицата, а некој од тоа дебело да профитира?, “

-запраша јавно Цветан Трипуновски од ВРО-ДПМНЕ.

За авторот на оваа статија

>