НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Честитка на Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов по повод 8 Април- Меѓународен ден на Ромите

Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов по повод денешниот ден 8 Април- Меѓународен ден на Ромите упати честитка од свое лично име и од името на општинската администрација во Кочани

„Почитувани сограѓани,

Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам многу здравје, мир и успех.

Нашата посветеност кон унапредување и достигнување повисоки стандарди во општеството и во иднина ќе остане наша цел, без разлика на верската и етничката различност во заедницата, зашто само со инклузија на Ромите во сите сфери, би ги надминале предизвиците со кои тие се соочуваат.

Општина Кочани ќе продолжи да работи на проекти за поддршка на ромската заедница, кои ќе бидат значајни за целокупниот интерес.

Нека Ви е честит празникот!“

-стои во честитката на Љупчо Папазов- Градоначалник на Кочани.

За авторот на оваа статија