НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Честитка на Христијан Мицкоски по повод 21-ви Декември Денот на настава на турски јазик.

Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да го честитам на сите припадници на турската заедница во Македонија националниот празник на Турците во Република Македонија, 21-ви Декември Денот на настава на турски јазик.

Денот кој денес се одбележува потсетува на важноста на негувањето на различностите и неопходноста од сочувување на јазичниот идентитет, како основа на идентитетот на еден човек, заедница или народ. Турците во Македонија, се истовремено главниот мост на пријателство на Турција и Македонија и македонскиот и турскиот народ, пријателство базирано на взаемна почит и разбирање.

Нашата заедничка обврска е да овозможиме подобро утре на сите кои живеат во Македонија, вклучително и Турците. Нашата обврска како генерација е да изградиме подобри врски, подобар живот и подобра иднина.

Заедно да се бориме против сиромаштијата, заедно да се бориме против корупцијата, заедно да сме сплотени во секоја криза, затоа што тие се јаремот на нашиот човек во Македонија, кој не дозволува напредок и успех.

Предизвиците пред кои сме исправени во новото време мораме заедно да ги надминуваме, затоа што тоа и го должиме на нашата заедничка татковина Македонија.

-Извор: Фејсбук

За авторот на оваа статија

>