НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Честитка по повод 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот ден 13 Ноември кој што се одбележува како Денот на ослободувањето на Скопје во јавноста упати своја честитка.

“Македонија и Скопје ја сакаат слободата. Скопје на пиедестал секогаш ја ставало борба за слобода, верувањето во принципи и надежта за иднината во која веруваме.

Луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата. Таа слобода ја браниме и денес, и таквата љубов кон Скопје ја имаме и денес. Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста.

Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа. Со таа верба и непоколебливла надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!”

-напиша на фејсбук Мицкоски.

За авторот на оваа статија