Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски по повод денешниот ден 8 Април- Меѓшународен ден на Ромите упати честитка од свое лично име и од името на општинската администрација во општината
“Мултикултурализмот е одлика на Општина Ѓорче Петров .
Заеднички ги негуваме вредностите и традициите, живееме мирен и спокоен живот, се почитуваме и си помагаме. Ромската заедница активно учествува во носење на одлуки кои се однесуваат на подобрување на животот во нашата општина. Преку заеднички проекти активно работиме во правец на инклузија на Ромите, остварување конкретни чекори за подобро образование на заедницата. За нас од голема важност е Вашето учество во општествениот живот.
Ви го честитам 8- ми Април – Меѓународниот ден на Ромите. Да продолжиме и натаму во духот на единство и соживот!”
-стои во честитката на Александар Стојкоски- Градоначалник на општина Ѓорче Петров.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот