НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Секојдневно зборуваме за состојби, вакви или онакви… Човек или Бог, сам по себе и за себе, иницира едно прашање кое се провлекува како вирус. Кој е човекот? Идеализирана лага, обланда на анализи и синтези, производ на зашематени драматургии во едно сурово време-време на неизвесност… Западот или Истокот? Толку е просто… Врз основа на емпириката и хронолошките настани осознаваме и класифицираме, дебатираме а всушност проблематизираме.Научени на ,,Цвекето на злото” зошто би оделе на ,,Војна и мир”? За да заглавиме и самите Бодлеровски во руската систематизација или да ги анализираме прасињата од Фармата на забранетите книги?

Кој забранува и зошто? Тоа што го учат ли е проблематиката или кој одлучува за обучувачите? Дали световен идеализам или покрстен богохулник? Катанга човече!! Во време на невреме се обидуваме да (не)заземеме страна секогаш водени од личните амбиции на ,,народни” луѓе, всушност очајни индивидуи, затскриени зад убавата фенси облека и додатоците кои ја следат.А тревата дивјачка и божја промисла секогаш остануват за после Постите.

Зар сме толку дволични? ,,Дворјанин верен на својот крал, верник верен на својот Бог”. Стварноста презентирана преку говори на омраза го редуцира идеолошкиот пристап, сопнувајки не’ сите засегнати и ,,незасегнати”.Во наплив на емоции единката го канализира својот бес, својата горчина исфрлајки купишта фекалии од уста само за ги задоволи елитите и тема на разговор за тој ден. Кантовата самосвест и Декартовата ,,Јас мислам”, се далеку од рефлексивните одбрамбени позиции и механизмите развиени од секоја страна, само и само да се замајува единката желна за информации.И како и секогаш, сакаш социо-политички варијации, па еве ти работа човече?! Упорен во својата борба да го подигне политичкото ниво, Тој-единката, несвесно запаѓа во нов Трансфер каде бело е црно а црното бело. ,,Помакедончен” со бугарски пасош во рака смешно го бара егзитот на аеродром, а знаејки за смислата- припадност оди во димензија која не ја познава и не ја љуби. Димензија каде материјата ти го витка духот, каде Постите ги заменува со обилни ручеци и вечери, димензија на искушенија… Самоидентификација му доаѓа преку вујче од Америка, со полно џебе, а со срце полно дупки и лице географски ишарано, колнејки го денот кога… Но сепак, ограничувањето е последица на една матрица, длабоко врежана во самосвеста на просечниот и терминолошки ограничен. Па, јадете од лебот божји луѓе! Систематизацијата е досадна, но политички неопходна.Ни донесе осуда и неспокој, не направи затвореници на лажни психолошки профили, не направи оттуѓени од своето Јас, не врати сто години назад. Станавме жртви на идеалите а лажните пророци и црпнати умови се богатат на сметка на нашата глупост. Републиката е во пламен- внимавајте!! Материјата ви гние- внимавајте!! А духовниот ритуал останува вечен, внимавајте!

(Реобјава од ,,Лозарите” 1997-ма и блог,,Слово”)

Пишува: Гоце Марков

За авторот на оваа статија

>