Дали Данела Арсовска го знае овој лик и дали е тој поврзан со турската компанија за која медиуми известија дека учествувала на тендерот вреден 160 милиони евра во ЈП Водовод и Канализација на град Скопје?,
-е едно од прашањата на кои што градоначалничката на Град Скопје немаше одговор а видно ја вознемири во нејзиниот настап на денешната седница на Советот во Град Скопје.
Наместо да одговори на поставените прашања од страна на советникот Луке Галески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, за што е обврзана по закон, Градоначалничката Арсовска со доза на нервоза панично почна да држи политички говор спомнувајки го претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ниту беше присутен на седницата ниту е повикан во било која улога да одговара на нападите од Данела Арсовска. Квалификациите на Данела Арсовска од типот “Смали доживљај” во одговор на советничко прашање одат во правец на затскривање на вистината која што треба да ја знаат скопјани за овој случај.
Советникот Галески во објаснувањето на контекстот на своето советничко прашање ги спомна аргументите на Европската Инвестициска Банка според чии што наоди процедурата за изградба на пречистителна станица за скопјани од неодамна разрешениот директор на ЈП “Водовод и Канализација” била спроведена целосно според сите стандарди на ЕИБ.
Дополнително советникот Луке Галески постави и неколку други прашања за кои што Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје немаше одговор.
Во продолжение погледнете ги прашањата чии што одговори градоначалничката Данела Арсовска ги одбегна да ги даде:
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот