Денеска премиерот Димитар Ковачевски со свој тим се сретна со бугарскиот премиер Кирил Петков, од средбата Ковачевски упати пораки за менаџирањето на ризиците од војната во Украина но и пораки на задоволство од работата на работните групи договорени на заедничката седница на двете влади во Софија.
“Со бугарскиот премиер Кирил Петков уште еднаш го потврдивме заедничкиот, координиран пристап во менаџирањето на ризиците од војната во Украина.
Задоволни сме со резултатите од работните групи договорени на заедничката седница на двете влади во Софија. Новата динамика во комуникацијата на работните групи дава оптимизам.
Заедно оценивме дека досега потпишаните договори и меморандуми за соработка укажуваат на сериозен напредок во дијалогот на нашите земји.
Продолжуваме и понатаму да ги исполниме сите одредници кои ги поставивме двете држави за унапредување на меѓусебните односи.”
-напиша на фејсбук Димитар Ковачевски.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити