НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Дали студот кој се најавува дополнително ќе ги измрзне скопјани?

Пренеси ја вистината

Во врска со состојбите со централното греење во Скопје кое што со проблеми функционира веќе повеќе денови, на што скопјани се жалат на ладните радијатори во нивните домови и покрај тоа што плаќаат зголемена цена за парно греење, своја политичка реакција во јавноста упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со свое соопштение упатено во јавноста вината за ваквата поразителна состојба ја лоцираат кај владеачката СДСМ како и најодговорниот во таа партија Димитар Ковачевски.

Одговорноста за поскапувањето како и целото управување со централното греење во Скопје е на наделжните институции пред се на РКЕ која што е раководена од партискиот кадар на СДСМ Бислимовски.

“Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ.

Власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот.

Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен.

Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски.

СДСМ се неспособни и ја оставија земјата на удар на енергетската криза во сред зима.

Владата да не ја префрла топката и да го реши проблемот со парното. Ако е неспособна, што всушност и е нека распише веднаш предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи за државата.”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено предпладнево.

За наредните денови метеоролозите предвидуваат драстичен пад на температурите во државата со што скопјани дополнително ќе бидат соочени со оптимализирање на температурата во нивните домови.

За авторот на оваа статија