НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Данела Арсовска: Прифатено е барањето на пожарникарите за нов колективен договор

Пренеси ја вистината

Поради несовесното работење на сегашниот командант на Противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски и поради тоа што пожарникарите, континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права кои ги имаат, денеска на средба во мојот кабинет беа претседателотот на Независниот синдикат на пожарникарите Тони Бошковски, како и Боби Вељановски секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија,, како и заменик командантот на Противпожарната бригада Скопје Звонко Томески. На истата разговаравме за основните права на пожарникарите.

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

На средбата е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

Овој горлив проблем кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, го решаваме уште во првите 82 дена од мандатот.

-Извор: Фејсбук

За авторот на оваа статија