НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 7, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Патот на Карнеги кон академското знаење започнува во Педагошкиот институт во Ворнсберг. Неговиот татко немал можност да плаќа за пансион, затоа Дејл патувал 6 км. со коњ до институцијата и обратно.

Во својата младост Карнеги развива комплекс на помала вредност, бидејќи не бил примен до фудбалски тим во колеџ. Тренерот рекол дека бил премногу слаб. Неговата мајка го посоветувала да стане член во дискусискиот кружок. Дејл бил примен и тоа се покажало како пресвртница во неговиот живот.

По речиси една година активно учество во дебатите, тој почнал да заработува награди од натпревари по ораторско мајсторство. Откако завршил колеџ, Карнеги започнал работа како трговец и брзо напреднал. Иако неговата репутација растела тој ја прекинал својата кариера во трговијата.

Дејл сакал да предава на други луѓе како силата на зборовите може да се рефлектира во секој поглед. За кратко време неговите курсеви се претвораат во едни од најпосетените настани за личен развој во САД. Дајл Карнеги секогаш тврдел дека најдобриот лек е човек да биде секогаш зафатен.

Според него слободно време е причина за депресија, бидејќи тогаш имаме премногу време да размислуваме дали сме среќни или не. Писателот, психологот и педагогот Дејл Карнеги верувал дека не постојат лоши луѓе на светот. Постојат само непријатни околности кои лесно може да се променат, доволно е само да го промените вашиот однос кон нив.

Непријатните околности не треба да ви го уништуваат животот и расположението. Карнеги, исто така, развил свој концепт на бесконфликтен и успешен однос.

Многу луѓе ги поддржувале неговите теории, но имало и такви што биле против нив. Во секој случај, никој не можел да им остане рамнодушен, па затоа вреди да ги прочитате следниве негови мудри мисли…

– „Секој човек е будала барем 5 минути дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се премине таа временска рамка.“

– „Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада.“

– „Научете да се ставате во положбата на друг човек и да разберете што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе биде покрај оној кој ќе успее да го стори тоа.“

– „Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефикасните.“

– „Ако сакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.“

– „Замислете ги најлошите можни последици што би можеле да произлезат од вашата постапка, однапред помирете се со нив, па дури потоа дејствувајте!“

– „Насмевката не чини ништо, а вреди многу.“

– „Многумина го викаат лекарот кога им треба публика.“

– „Луѓето не се интересираат ниту за мене ниту за вас. Наутро, напладне и навечер, тие се занимаваат само со себе.“

– „Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тоа значи дека тој вреди.“ – „Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да бил светец, никогаш немало да се ожени со вас.“

– „Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на кој било јазик.“

– „Тајната на нашата тага е тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме дали сме среќни или не.“

– „За мудриот човек секој ден почнува нов живот.“ – „Не утре. Денот на човечкиот спас е денес.“

– „Не плашете се од непријателите кои ве напаѓаат. Плашете се од пријателите кои ви ласкаат.“

– „Стравот постои само во вашиот ум и на ниту едно друго место.“ – „Силната желба да научите нешто е 50% од успехот.“

– „Однесувајте се како да сте среќни и ќе станете посреќни.“ – „Постои само еден начин да се заслужи љубовта на овој свет: Престанете да ја барате и почнете да ја давате, без да очекувате благодарност.“

– “ Не критикувајте. Не осудувајте. Не се жалите.”

– “ Ако се стремите да станете добар соговорник, станете првенствено добар слушател.”

– “ Критиката е како поштенски гулаб – секогаш се враќа назад.”

– “ За мудриот човек секој ден започнува како нов.”

– “ Среќата не зависи од тоа кој сте и што имате, тоа зависи од вашето размислување.”

– “ Човек кој зборува само за себе, мисли само за себе.”

– “ Стравот не постои никаде во поголеми количини отколку во нашиот ум.”

– “ Постапувајте како генерал Ајзенхауер – никогаш не одделувајте и минута во мисли за некој кој ви е непријатен.”

– “ Ако судбина ви дднесе лимон, направете си лимонада.”

– “ Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на земјата – и еден од најефикасните.”

За авторот на оваа статија

>