По состанокот во Влада на делегацијата на ДУИ и новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во организација на Зоран Заев во улога на Премиер на Владата, во јавноста новиот претседател на владеачката СДСМ во јавноста упати свое соопштениеЧ
“Владината коалиција е стабилна и подготвена да одговори на сите предизвици како и успешно да ја реализира владината програма. Следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе биде посветена да испорача економски резултати и да се справи со пандемиската и со енергетската криза. Во фокус на новата Влада ќе биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија. На денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахемти и премиерот Зоран Заев разговаравме на овие и други актуелни теми поврзани со работењето на владата во следниот период.”
-соопшти Димитар Ковачевски- Претседател на СДСМ.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити