НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Драган Ковачки: се надеваме дека СДСМ ќе дадат поддршка за зголемување на надоместоците на припадниците на АРМ

Во текот на вчерашниот ден започна комисиската парламентарна расправа за ребаланс на Буџетот на Владата на Република Македонија за 2022 година. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку свои 170 амандмани учествува во комисиската расправа во креирањето на новиот буџет кој што е историски најголем во износ од 4,7 милијарди евра. Со новиот ребаланс на Буџетот на Владата предводена од СДСМ и ДУИ е предвидено задолжување преку издавање на еврообврзница во износ од 900 милиони евра..

Еден од амандманите кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа се однесува на зголемување на надоместоците на припадниците на АРМ од воениот и цивилниот персонал.

“Во буџетот за 2022 година, односно пред 7 месеци, преку амандман побаравме зголемување на дневниците за службено патување на припадниците на МВР и на безбедносните служби на 2.000 денари за ангажирање над 12 часа, односно на 1.000 денари за ангажирање од 8 до 12 часа.

Тој предлог беше усвоен и веќе е во сила.

Како што најавивме пред месец дена дека ќе бараме зголемување и на надоместоците за припадниците на АРМ, тоа и го реализиравме.

Имено, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието поднесе амандман со кој предлагаме зголемување на финансиските средства за исплата на надоместоците на активниот воен и цивилен персонал што се регулирани во Правилникот на начинот на исплата на надоместоците за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на службата за дежурство, стражарска служба на посебни и воени објекти и за време поминато на трупно патување и служба под посебни услови на активниот воен и цивилен перонал во армијата, потпишан од страна на МО.

Со овој амандман, очекуваме дека власта ќе има разбирање за потценетиот труд на луѓето што носат униформа и оружје во АРМ и дека како Собрание ќе доделиме соодветни финасиски средства на Министерството за одбрана.

Со поддршката на овој амандман, Собранието ќе и’ даде можност на Министерката да изврши промена во висината на надоместоците во наведениот Правилник и истите да ги зголеми за активниот воен и цивилен персонал.

Ги повикуваме пратениците од СДСМ да дадат поддршка и да се приклучат кон овој амандман.”

-соопшти пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој што доаѓа од армијата на Република Македонија.

За авторот на оваа статија

>