НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Драган Стоиловски: ЕУ, ЕУ, уа и никогаш повеќе

Пренеси ја вистината

Под превезот на започнување на преговори и добивање датум на la semaine à quatre jeudi- односно на свети никогаш, сите буквално македонски лидери, политичари кои се во црпнатиот парламент, недвосмислено и уверено се заслепени со немањето на друга “Алтернатива”освен коруптивнито легло во Брисел.

Најголемиот број на коалиции, предавства и потпишување на договори со соседите, се водени токму од ова лажна и манипулативни ЕУ матрица.
Се е дозволено во името на ЕУ!
Менување на устав со поткупување на онолку пратеници колку им требат, на таканаречениот балкански начин , продавање и самоуништување со Преспа, доуништување сега и со Бучко и бугарскиот договор, седење во парламент токму за божемната ЕУ иднина …

А зошто заслужуваме за добивање на преговори со ЕУ?
Што од правните, економски и политичките Копенхашките критериуми , црпната “влада” исполнила до сега?

И слушаме како денес и опозицијата во парламентот тврди дека Македонија заслужува датум.

Водејќи се по логиката на рационални заклучоци, тоа подразбира , целосно одобрување и потврдување на (не)делата превземени од сегашниве анти македонски елементи од 2016 година.

Со какво лице и возвишеност очекуваме сите до еден ( политичарите) да добијат потврда за нешто што е во целосна контрадикторност со начелата, принципите и критериумите на самата ЕУ институција!

Во периодот 1996-2000 година посветувајќи се на толку посакуваната ЕУ и влезот на тогашната Република Македонија , многу професори и бирократи од Институтот за Европски студии во Женева, ни ја доловува вистинската причина и реалност за некогашното идно зачленување на државата.

После скоро 20 години, сите претпоставки , кажани и недоречени нивни тврдења, ја наоѓат својата вредност и вистина.: Македонија никогаш нема да биде член во ЕУ со тоа име, народ и култура.

Територијата секако е добредојдена .

Борбата за реализација на вистинските морални вредности, етика и достоинство се најголемите заложби што Македонецот би требало да си ги постави за да ја внесе ЕУ во Македонија а не обратно.

Македонија на Македонците !

Пишува: Драган Стоиловски

За авторот на оваа статија