Оперскиот пеач Игор Дурловски преку социјалните мрежи упати своја реакција со поддршка за новинарот Горан Момироски кој што е цел на политички прогон од страна на актуелната власт.
“Го гледав Горан Момироски на “Инфомакс”, неговата смиреност ме вознемири.
Да појаснам за помалку упатените… Се работи за новинар кому над глава му виси потенцијален затвор од повеќе од10 години.
Е вака…Се започна со апсењето за “27 април”, политичкиот прогон преку “СЈО”, случајот “Орце Камчев”, завршувајќи (за сега) со Горан Момировски.Главното гориво за владеење на лудациве е користењето на овие “алатки” за “елиминирање” на неистомислениците а дали е доволно само куцкање на тастатура за да престане оваа агонија е прашање кое сите треба да си го поставиме. Ако вчера бев јас, денес е Горан утре можеби ќе бидеш ТИ!
Стоп за политички прогон!Слобода за политичките затвореници!”
-Фејсбук статус на Игор Дурловски
Поврзано
Станавме како Кабул на времето но за новинари
Пакети со храна со логото на здружението “Иван Михајлов” и ликот на Цар Борис III се делеа во Битола и во Охрид
ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата