“Стратешкото партнерство со САД е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО. Членството во алијансата, е огромна привилегија и одговорност.
Во телефонскиот разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен се заблагодарив за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи како и за поддршката на САД за Северна Македонија во евроинтегративниот п
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен потенцираше дека поддршката на Вашингтон доаѓа од целосната посветеност на Северна Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО.
Во разговорот Блинкен потенцираше дека САД и Северна Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која не прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата.”
-Соопштение на Димитар Ковачевски
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити