НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

МЕМОРАНДУМ

ДО: Западните елитисти кои мислат дека знаат што е најдобро за Македонија – избрани и неизбраните функционери во американскиот Стејт Департмент, во канцелариите на НАТО, институциите на ЕУ, земјите членки на ЕУ, професорите во факултетите, аналитичките центри, фондациите, новинарите во медиумите и други.

ОД: Џејсон Мико

Предмет: Република Македонија и Македонците, каде и да се

На: 27 ноември, 2021

Имајќи ја предвид политичката неизвесност во Македонија деновиве, сите вие сте во паника поради можноста десно-центристичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ја формира следната Влада на Македонија. Не ви е важно тоа што партијата е прозападно ориентирана и поддржува членство во НАТО и во Европската Унија, и што ги има овие ставови уште од кога Македонија стана независна национална држава во 1991 година. Некои од вас се обидуваат да ја претстават оваа партија како „про-руска“ (без ронка доказ за тоа). Признавам, да речеш за некого дека е „про-руски ориентиран“ деновиве е исто како да кажеш дека е „расист“ или „фашист“ – тоа само значи дека не ви се допаѓа човекот. Се работи за ефтин и невистинит напад. Во исто време, ја поддржувате вашата сакана партија СДСМ (која пред 1991 година беше Сојуз на Комунистите на Македонија и чии членови се уште себеси се нарекуваат „другари“ за време на партиските конгреси) бидејќи ви вршат работа, иако натамошното останување на власт на режимот на СДСМ значи дека земјата ќе оди („нагоре и нанапред“, како што вашите другари од СДСМ сакаат да кажат) кон бришење на Македонија, на македонскиот идентитет и се што ја прави Македонија единствена и уникатна.

Дел од проблемот тука е што многумина од вас станаа дебели и улежени, како и арогантни, презаситени со вашата помпезност. По падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, вие поверувавте дека светот навистина влегол во фаза на „крајот на историјата и последните луѓе“, како што пишуваше Френсис Фукујама. Поверувавте дека либералната демократија (скоро) целосно триумфирала и дека никој нема да може да ја запре либералната локомотива. Но сепак, некаде во изминатите 30 години, „либералната демократија“ излета од шините. Во предговорот на книгата „Демонот во демократијата“ на брилијантниот полски писател, филозоф и европратеник Ришард Легутко, Џон О’Саливан вели дека „…либералната демократија, како што се развива во изминатите децении, загрижувачки дели низа сличности со комунизмот… Накусо, како некогаш марксизмот, либералната демократија сега е претвора во сеопфатна идеологија која, под превезот на толерантноста, сепак не остана скоро ни малку простор за несогласување“.

Многумина од вас се здебелија и се среќни да останат закачени на државната цицка, и се убедувате себеси дека работите за јавното добро. Многумина од вас родени од 1980 година наваму израснавте без да знаете за ужасите и за историјатот на Советскиот сојуз и на Студената Војна, и го игнорирате тоа во што ние, на Западот, лесно можеме да се претвориме. Сега држите високи функции во горенаведените институции, живеете и работите во меурчиња, патувате заедно со, се дружите со и живеете само со истомислечки луѓе, кои едноставно веруваат дека сте на „вистинската страна на историјата“ и дека, вашата верзија на нелиберална левица неизбежно ќе триумфира. Ви се гледа прекумерната горделивост.

Огромното мнозинство од вас сте решени да ја задржите власта, престижот и позициите што ги имате и не ни помислувате да се откажете од нив. Бескрајно ве вознемирува тоа што Македонците се уште се „закатанчиле“ (израз кој го употребуваше еден од вас – Барак Обама) за својата култура, својата традиција, својот идентитет и име). Ја мразите нивната посветеност. Ги мразите и нив.

Вие сте на линијата што ја држи прасето Сквилер од Животинска Фарма на Џорџ Орвел: „Никој не верува повеќе дека сите животни се еднакви од Другарот Наполеон. Никој не би сакал повеќе да може да ви дозволи самите да решавате за себе. Но некогаш може да се случи да направите погрешки одлуки, другари, и тогаш каде ќе завршиме?“

Додека кинеските комунистички власти лансираат хиперсонични ракети кои можат да пренесат нуклеарна боева глава со која можат први да извршат напад, вие во американските кругови се натпреварувате како што поскоро да воведете нови родови определби во армијата и се радувате затоа што маж кој мисли дека е жена бил избран да го „крсти“ воениот брод именуван по Харви Милк, човек чиј главно „достигнување“ е тоа што бил хомосексуалец. Прифаќате и принудувате да се врши „обука за диверзитет“ со цел да ги ослабнете САД, а со тоа и Западот. Сето ова ни кажува дека ви недостасува волја, ви недостасува храброст и дека не сте подготвени да се борите за вистината – врз која првично беше заснован политичкиот Запад. Како што вели Александар Солжењицин во неговото „Предупредување до Западот“ (1974) „…во моментов прашањето не е како Советскиот Сојуз ќе најде начин да излезе од тоталитаризмот, туку како Западот ќе успее да ја избегне истата судбина. Како Западот ќе успее да ја издржи невидената сила на тоталитаризмот“.

Вие се гледате себеси како паметни интелектуалци, а заборавате, како што вели економистот Томас Соуел, дека „Некои од главните примери на погрешен идентитет се случуваат меѓу интелектуалците, кои лесно забораваат дека не се Господ“. Добро, повеќето од вас не ни верувате во Господ. Политичкиот и културолошкиот Запад го загуби својот морален компас, иако не има многумина кои се уште се бориме да се вратиме на старата патека. Политичкиот и културолошкиот Запад е во опаѓање – а опаѓањето е прашање на избор – и забрзано тоне. Но вие како да сакате да повлечете што е можно повеќе со вас додека тонете.

Македонците – и нивните пријатели – би ценеле ако може да престанете со вашите бесконечни говори и мешањето и ако може да ги оставите на мир. Македонците би требало да можат самите да ја изберат својата влада – дури и ако вие ја мразите, презирате и не можете да го поднесете нивниот избор.

Одредени поединци и институции во Македонија сакаат да ги преиспитаат договорите со Грција и Бугарија – и тоа е нивно суверено право, како што е нивно суверено право и да ги поништат, ако така решат. Точно, многумина од вас, западните елитисти, можат да решат – или всушност веќе решиле – да ги казнат Македонците кои така решиле – дури и ако оваа одлука со ништо не ве засега. Тоа е затоа што западните елитисти се, на крајот на краиштата – нео-колонијалисти и вие верувате дека знаете што е најдобро за Македонците и за другите народи ширум светот. Затоа и ќе паднете, дали уништени од вашите непријатели или од вашата сопствена ароганција. Матната нека ве однесе.

Извор: Macedonian Content Farmers Podcast

За авторот на оваа статија

>