НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Екипите на ЈКП “Комуналец” во Свети Николе на терен во справување со снежната наезда на локалните улици и патишта

По обилните врнежи на снег во текот на денешниот ден кои што го зафатија подрачјето на овчеполијата, надлежните локални власти се исправени пред првиот поголем предизвик од ваков карактер во општините каде што наврна снегот.

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев ја информира јавноста дека екипите на ЈКП “Комуналец” од Свети Николе с ена терен со две специјализирани возила со кои се справуваат со потенцијалните проблеми низ локалните патишта и улици во општината.

“Екипите на ЈКП КОМУНАЛЕЦ се на терен со две специјализирани возила и тоа едно возило со носивост од 3 тона со ризла и сол, а другото со 5 тона носивост и работат на навремено расчистување на улиците во градот од прва и втора категорија а исто така и на правците кон селата во општината.”

-соопшти Дејан Владев- Градоначалник на Свети Николе.

За авторот на оваа статија

>