НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Ексклузивно интервју со Валериј Коровин за Брегалнички Портал: Мировна операција или окупација на Украина? Руски реванш за 2014?

Денес, додека целиот свет со неверување во реално време ја следи војната помеѓу Русија и Украина во срцето на Европа и се моли за мир, заедно со новинари од Италија, Србија и Босна и Херцеговина во Москва имав можност да направам ексклузивно интервју со Валериј Коровин, Директор на Центарот за геополитички истражувања. Дали се работи за Мировна операција или окупација на Украина? Или Русија се одлучи за реванш за 2014 година? На тие прашања одговори господинот Коровин.

Д.Т.: Господине Коровин, зошто Русија ја нападна Украина и зошто баш сега?

В.К.:„Не се работи за напад, туку се работи за Мировна операција, позната како доктрина „Одговорност да се заштити“, која што е разработена од страна на Канада 2005 година. САД претходно после 1991 година многупати ја користеа како изговор и предлог за своите воени операции. Почнувајќи од 2014 и 2015 година, кога беа подпишани договорите од Минск 1 и Минск 2, Украина не ги исполнуваше условите од договорот. Поминаа 8 години, а војната на Донбас продолжуваше. Пред Русија не постоеше друга опција освен спроведување на специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на територијата на цела Украина, се со цел да се стави крај на војната на Донбас. Целта е да се обезбеди стратешката безбедност на Русија и Белорусија. Во Мировната операција учествуваат покрај Армијата на Русија, и Армиите на Донбас и Луганск, кои што Русија неодамна ги призна. Украинската армија и нејзината воена инфраструктура ќе бидат уништени. Со оваа операција Русија стави крај на неолибералниот светски поредок“.

Д.Т.: Факт е дека Армијата на Русија ќе воспостави контрола над Украина. Како Руската Армија ќе биде дочекана во Украина? Можна ли е герилска и партизанска војна на Украина?

В.К.:„Армијата на Русија за 10 дена ќе ја уништи украинската армија како и паравоените нацистички организации, и ќе воспостави контрола над целата Украина. Потоа ќе бидат уапсени и судени сегашните украински власти, како и нивните поддржувачи. Герилска војна не е можна, бидејќи според нашите социолошки истражува вршени пред 1 година на Украина, само 30% од населението на Украина е готово да војува. А и низ историјата, украинците секогаш ја менувале страната после смената на власта. Факт е дека во Источна и Јужна Украина, мнозинството население е проруско, и дека ќе ја дочека руската армија како ослободител. Во централна Украина населението е неутрално, но Западна Украина е сржта и јадрото на украинските националисти, и Русија ќе се соочи со проблеми во тој дел, но и тие ќе бидат надминати и решени.“

Д.Т.: Која е причината Русија сега да се одлучи на таков чекор?

В.К.:„Украина е неразделен дел од историјата на Русија. Се што е изградено на Украина е изградено од Русија и од Советскиот Сојуз. Нашите народи се поврзани со заедничка историја, култура, погледи на светот, религија, како и нашата заедничка економија создадена во Советскиот Сојуз. Во 2014 година преку државниот удар во Киев, САД ја стави Украина под своја контрола. Тогаш САД и ЕУ ја измамија Русија, и не го почитуваа договорот кој што беше потпишан помеѓу тогашниот претседател Јанукович и украинската опозиција. Како резултат на тоа во Киев дојде анти-руска власт, која што спроведуваше отворен геноцид во однос на руското население, и која што се трудеше да го промени идентитетот и историјата. Рускиот јазик беше забранет, а русите маргинализирани. Во последните 8 години Западот ја вооружуваше Украина, и ја труеше украинската нација за да се створи омраза кон Русија. Русија денес се одлучи да премине во стратешка офанзива на сите полиња. САД и Западот денес разбраа дека Украина се наоѓа во сферата на руските стратешки интереси, и дека Русија е спремна на се поради Украина.“

Д.Т.: Што понатаму со Украина? Окупација, поделба или создавање на про-руска власт?

В.К.:„Како што изјави претседателот Путин, се работи за специјална мировна операција,чија што цел не е ниту окупација, ниту поделба на Украина. Секоја војна завршува на преговарачка маса со договор. За жал во историјата Русија многупати остварувала победа на военото поле, но потоа сето тоа го губела на преговарачка маса. Но сега тоа нема да биде случај. Русија ќе воспостави контрола над целата Украина, ќе се создадат нови институции. Руската армија ќе биде гарант за безбедноста. Ќе се создаде времена власт, и после нормализирањето на ситуацијата, ќе се спроведат парламентарни и претседателски избори. Ќе се избере власт која што ќе соработува со Русија, како и со целиот свет. Руската армија потоа ќе се повлече од Украина“.

Д.Т.: Како Русија планира да го придобие населението на Украина на своја страна? Факт е дека руската мека сила не беше ефективна во минатото. Како Русија ќе го реши тоа?

В.К.:„За 8 години на Украина, но и претходно, се водеше отворена анти-руска политика и пропаганда на сите полиња. Систематски се работеше на тоа поле од страна на украинските власти, но и од страна на Западот, и се создаваше омраза кон Русија. Русија за жал не реагирае на време, не создаде политика, која што преку меката сила ќе се бореше против тоа влијание на Украина. Ќе биде тешко да се промени сето тоа, но Русија, поточно Советскиот Сојуз, се соочија со сличен проблем после Втората Светска Војна во Западна Украина, и на Советскиот Сојуз му беа потребни 5 години за да го реши тој проблем. Ќе бидат потребни години за да се надмине сето тоа.“

Д.Т.: Како ќе реагира Европа и САД на сето тоа? 40% од рускиот извоз оди во Европа. Русија е зависна од технологиите од Западот. Како Русија ќе го реши тоа?

В.К.:„Како резултат на санкциите во 2014 година од страна на Западот Русија се одлучи за свртување кон Истокот и кон Азија. Денес Азија е центарот на светската економија и светската технологија. Колку што е Русија зависна од Европа, толку е и Европа зависна од руските стартешки ресурси, пред се рускиот гас, нафта, алуминиум, цветни метали, јаглен, редки метали. Азија е гладна за нашите ресурси. Русија е спремна за новите санкции од страна на Западот. А технологии Русија ќе купува од Кина, и од другите држави во Азија, и самата ќе развива, како во времето на Советскиот Сојуз. Ние можеме се да создадеме, бидејќи тоа го докажавме многупати низ историјата.“

Д.Т.: Дали Кина во моментот е стратешки партнер на Русија?

В.К.:„Во овој момент, сферите на интерес, како и приоритетите на Русија и Кина совпаѓаат. Тоа беше потврдено за време на последниот самит на претседателите Путин и Си. Во новата Стратегија за национална одбрана на САД, Русија и Кина се означени како непријатели на САД. Ние имаме заеднички непријател, тоа е САД и либералниот светски поредок. Кина ќе ни помогне нам технолошки и економски, ние ќе им помогнеме воено, геополитички и со своите ресурси. Светот влегува во ера на создавање на Нов Светски поредок, кој што ќе биде мултиполарен. Униполарниот светски поредок е мртов. САД и Западот после распадот на Советскиот Сојуз беше на мислење дека, да го цитирам Фукујама, „Настапи крајот на историјата“. Но тие погрешија.“

Д.Т.: Како што ве разбирам, се работи за војна на идеологии, вредности и идеи?

В.К.: Да, се работи за судир и војна на различни вредности и погледи на светот. Во тек е војна за идеи. Традиционалните вредности, како и суверенизмот и конзерватизмот, наспроти неолиберализмот и новите неолиберални вредности, кои што доведоа до уништуавање на суверените држави и на семејните вредности. Од духовна гледна точка, Западот пропадна. Империјата на САД се распаѓа на делови. Во подем е Истокот, пред се Азија. За жал во изминатите 30 години во Русија со Уставот беше забранета државна идеологија, а големите држави и империи не можат да функционираат без своја идеологија. Во Русија како резултат на Уставот донесен во 1993 година, кога под диктат на САД во Русија беше донесен неолиберален устав, но со измените од 2020 година Русија за своја основа ги зеде традиционалните вредности, и на прв план е семејството. Но потребно е во Уставот да се утврди нова идеологија. Русија секогаш успевала во минатото да воскресне како Феникс“.

Автор на интервјуто за нашиот портал го реализираше Дарко Тодоровски- Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>