НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Ексклузивно од Доњецк –  Трагедијата на Донбас. Храбрите рудари од Донбас против Киев 

(Уредничка напомена: Текстот содржи лични ставови и впечатоци на неговиот автор кои во целост не ја отсликуваат уредувачката политика на Брегалнички портал за балансирано известување од реалните состојби кои се присутни на терен.)

23-ти март, 2022 година, телефонски повик ме одведе во една нова авантура. Како акредитиран странски новинар во Русија, ми се јавија од Министерството за одбрана на Руската Федерација и ме прашаа дали сакам да бидам дел од нивната ексклузивна прес тура за 40 странски новинари на Донбас, да известуваме за војната на Украина. Кратко размислувајќи, знаејќи ги сите опасности кои што се кријат, бидејќи се упатуваме во воена зона, прифатив. Како воен аналитичар, а пред се како човек, сакав во прво лице да видам што се случува на Донбас. Војната на Донбас ја следам од 2014 година, пријателите од двете страни, медиумите и интернетот, притоа следејќи ги информациите од двете страни, но ништо не може да се спореди со можноста со свои очи да се види што се случува реално на Донбас. Го спакував својот куфер и со нетрпение го очекував назначениот час за почеток за да се упатам на железничката станица во Москва.

Бидејќи патничките авиони на југот на Русија не летаат како резултат на војната во Украина, што е нормална процедура во зони на воени дејства, групата новинари со воз 24-ти март заминавме од Москва за Ростов. 22 часа патување по бескрајните простори, степи и преубавата природа на Русија. Само патувањето со воз дава можност види и за да се почувствува Русија, како и рускиот дух. Иако огромниот воз беше од времето на Советскиот сојуз, поточно од 1980 година, и иако во истиот се чувствуваше духот и мирисот на Советскиот сојуз, возот, како и вагоните со купеа беше пристоен. Ресторан во возот, како и чисти тоалети, туш кабини, чисти купеа, а во секој вагон имаше машини за кафе и за чај.

Но за време на патувањето со возот, имав можност да поразговарам со различни граѓани на Руската Федерација за војната во Украина, за санкциите, како и за ситуацијата во Донбас. Најголем дел од русите со кои што разговарав се на ставот дека се работи за братоубиствена војна, но дека војната во Украина, односно Донбас, ја започнал Киев во јуни 2014 година, кога Киев со одлуката за почеток на воената операција против Донбас, ја започна крвавата граѓанска војна во Украина. Бидејќи на Донбас живее мнозинство руси и рускојазично население во Донбас, Русија морала да им помогне и да не ги остави сами. Најголем дел од русите ја поддржуваат специјалната воена операција на Руската Федерација во Украина, бидејќи во Украина како резултат на државниот удар во 2014 година на власт дошле националистите, кои што сакале да го уништат Донбас, и се што е руско во Украина. Во однос на санкциите и русофобијата на Западот тврдат дека тие ќе ги сплотат русите, и дека Русија многупати во минатото била соочена со санкции, изолации, и дека Русија секогаш на крајот успевала да излезе како победник. Во возот имаше и група на руски војници, кои што се упатуваа кон Ростов, кон своите воени единици. Тие избегнуваа контакти и не беа расположени за разговор.

Патувањето со воз помина брзо, и вечерта  25-ти март стигнавме во Ростов, и ни беше кажано дека по полноќ заминуваме за Донбас. Ни беа поделени панцири и шлемови, со надписи на нив дека сме новинари, и ни беа дадени инструкции во врска со нашата безбедност, како и што не очекува на Донбас. Во придружба на полициско возило, со специјален автобус за новинари, по полноќ тргнавме од Ростов кон границата со Украина, поточно со Доњецката Народна Република. На границата имаше километри колона од транспортни камиони, кои што носат разна помош и производи за Донбас. Брзо ги поминавме сите процедури на границата, и влеговме на територијата на Донбас, поточно на Доњецката Народна Република, каде што не чекаше воена придружба. Во придружба на три оклопни возила Тигар (руски пандан на американскиот Хамер) и на припадници на Специјалните Сили на Руската Федерација, опремени според последните стандарди на современото војување, и плус на полициско возило, се упативме кон Доњецк, главниот град на Доњецката Народна Република. По патот кон Доњецк практично и да не сретнавме воени колони, и ништо не навестуваше дека овде 8 години се води војна, и дека секојдевно се пука.

Сонцето полека се креваше на хоризонтот на Исток, и полека можеа да се забележат бескрајните пространства на Донбас. Минувавме низ различни села, населени места, и во близина на разни мали градови. Типични руски домови и села, како и пејсажи на бескрајните полиња црна плодна земја се заменуваа со пејсажите на оџаците на фабриките во Донбас, како и огромните хали на фабриките. Донбас во Советскиот Сојуз бил центарот, односно срцето на советската тешка индустрија, на советското рударство и металургија. Огромните рудници за јаглен, како и фабриките за производство на челик, метали, производство на машини зборуваат за  некогашното славно и богато минато на Донбас. Во Советскиот Сојуз, Донбас бил еден од најбогатите и најразвиени индустриски центри. После распадот на Советскиот Сојуз, во независна Украина, Донбас го задржал приматот на најбогат регион. Донбас бил регион донор за  останатите региони на Украина. Регионот постојано стагнирал во последните 30 години, и покрај тоа што од регионот Донбас бил движечката локомотива на Украина. Но не само кадрите од автобусот, но и деновите поминати во Доњецк, Луганск, и другите региони на Донбас, јасно ми ставија до знаење дека развојот на Донбас практично е прекинат после распадот на Советскиот Сојуз. Од Донбас се одлевале огромни средства во правец на Киев, а се враќале мал дел од нив. Но од Донбас потекнуваат неколку мијардери и олигарси на Украина, од кои што најпознат е Ринат Ахметов, кој што во 2014 година со другите олигарси го предадоа Донбас и граѓаните на Донбас и го оставија на цедило. Но работливите и чесни рудари на Донбас зедоа оружје во рака за да го заштитат својот регион, својата земја, своите домови од властите во Киев, кои што решија да употребат оружје против својот народ и да започнат граѓанска војна.

Во 6 часот наутро стигнавме во Доњецк, и можеше да се забележи дека улиците се практично пусти, како резултат на полицискиот час. Минувајќи низ разните улици на Доњецк, можеше да се забележи дека се работи за густо населен индустриски град, со огромни фабрики и компании. Се сместивме во хотел и ни беше речено дека во 10 часот започнуваме со новинарската работа. Иако неспиени, но како резултат на адреналинот, сите новинари чекавме да почнеме официјално со работа.

Плодните полиња на Донбас, наместо трактори и комбајни, осум години ги газат тенкови и разни други видови на воена техника и возила. Војна која што на 24-ти февруари 2022 година ескалираше, и премина во жестока војна помеѓу Русија и Украина, војна која што се заканува да го турне светот во Трета Светска Војна. Но за тоа во наредните екслузивни статии, на екслузивни теми, како за самиот тек на војната на Донбас, така и за тоа како живеат граѓаните на Донбас, за нивната трагедија, за оние населени места кои што се ослободени после почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, како и екслузивни интервјуа со претседателите на Доњецката Народна Република, и на Луганската Народна Република.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>