НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Малкумина во светот слушнале за малиот град Волноваха кој што се наоѓа во Украина, поточно во Доњецката област. Но после почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, Волноваха стана позната во светот, како резултат на жестоките борби кои што се водеа за градот. Главниот пазар, градската болница, главните административни објекти како и дел од индустриските објекти се уништени или тешко оштетени за време на битката за Волноваха. Според пописот во 2021 година во Волноваха живееле околу 21 000 граѓани, а денес во градот останале околу 15 000. 6 000 граѓани го напуштиле градот пред и за време на битката за Волноваха. Според Минските договори од 2014 и 2015 година, линијата на разграничување помеѓу украинската армија и доњецката армија минувала на 20 километри од Волноваха.

Волноваха е град кој што е оддалечен 57 километри од Доњецк, и град кој што има стратешка важност, бидејќи во градот се наоѓа стратешки железнички јазол, огромен железнички центар, складови и депоа, и низ Волноваха минува главната железничка пруга за Мариупол и за Доњецк. Плус низ Волноваха минува автопатот Славјанск – Доњецк – Мариупол. Од овие причини, по почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, Волноваха била една од главните цели на доњецката и на руската армија.

11-ти март властите на Доњецката Народна Република објавија дека после 13 дена жестоки борби, градот Волноваха е ослободен, и дека е започнат процесот за враќање на животот во нормала, како и создавање на нова власт. Пред новите власти е поставена задачата за реконструкција на градот во најбрз можен рок. Падот на Волноваха го потврди и официјален Киев.

Патувајќи кон Волноваха, во придружба на припадниците на Силите за специјални операции на Русија, можевме да забележиме неколку помали воени колони на доњецката армија, претежно составени од постари воени камиони Урал како и борбени транспортери МТЛБ, кои што се упатуваа од Волноваха кон новите места на дислокација и во зоните на воени дејства. На патот од Доњецк до Волноваха можеа да се забележат голем број на контролни пунктови на руската и на доњецката армија. Приближувајќи се кон Волноваха, на бескрајните полиња можеа да се забележат неколку одбранбени линии на украинската армија, кои што биле уништени и напуштени. Минувајќи низ населените места Николајевка и Бугас, кои што се во близина на Волноваха, човек не би рекол дека во тек е војна. Домовите и објектите не се оштетени, во дворовите има коли, трактори, домашни животни, а жителите ги обработуваат плодните површини околу домовите. Дел од плодните полињата исто така се спремни за сеидба, со исклучок на тие што биле минирани. На дел од полињата имаше пожари, и според полковникот на руската армија, како и припадниците на специјалните единици, пожарите се намерно предизвикани со цел да се активираат мините во полињата. Исто така, забележавме и специјални возила и техника за уништување на минските полиња.

На влезот во Волноваха можеше да се забележи дека овде се воделе жестоки борби. Дел од домовите и објектите на крајот на Волноваха се оштетени или разрушени како резултат на борбите. На влезот во Волноваха се наоѓаа и неколку уништени тенкови, борбени возила и друга техника на украинската армија. Но самиот центар на Волноваха наликуваше на сцените од апокалиптичните и воените филмови. На центарот на градот, на централниот парк, поставени се пунктови на кои што руската и доњецката армија постојано на граѓаните им даваат храна и хуманитарна помош. Поставени се и мобилни шатори каде што се готви храна и се дава медицинска помош. Во центарот на градот можеа да се забележат доста граѓани, некои од нив чекаа ред за хуманитарна помош, дел од децата возеа велосипеди и си играа, а дел од граѓаните шетаа низ градот.

Имав можност да поразговарам со дел од граѓаните. Најголем дел од нив не дозволуваа да бидат снимани и сликани, како и да бидат објавени нивните имиња и фамилии. Можеше да се забележи дека дел од граѓаните се облечени во истата облека, во која што биле затекнати кога започнала битката за Волноваха. Разговарав со различни граѓани, и најголем дел од нив изјавија дека се среќни бидејќи се ослободени, и дека се надеваат дека ќе влезат во составот на Русија и на тој начин ќе бидат заштитени. Некои одбиваа да одговорат на тоа прашање. Дел од граѓаните изјавија дека во последните 8 години најголем дел од украинските војници се однесувале коректно со цивилното население, но се жалеа на малтретирања, дискриминација од страна на Службата за безбедност на Украина. Дел од граѓаните се жалеа и дека припадниците на разните паравоени и воени формации од типот на Азов, ги терале граѓаните да разговаат исклучиво на украински, и дека имало случаи на грабежи. Разговарав и со млада наставничка од Волноваха, која што иако уште под стрес поради се што се случило, се надева дека до почетокот на наредната учебна година, школата каде што таа работела ќе биде реновирана и повторно ќе може да ја работи работата која што ја сака. За време на борбите, таа се наоѓала во скривница, заедно со група од 200 други жители на Волноваха. Истата изјави дека за време на борбите, постојано се слушале истрели, звукови на артилериски гранати, паѓање на бомби и ракети, како и звукови на борбени авиони. На 11-ти март војници од доњецката армија дошле во скривницата и им рекле дека се ослободени, и дека можат да излезат надвор.

Во разговор со друг граѓанин на Волноваха, истиот изјави дека ситуацијата е тешка, дека некои делови од градот немаат ниту вода, ниту гас, ниту електрична енергија. Во градот практично ништо не работи. Како вработен во железницата, поточно на железничкиот склад, се надева дека истата наскоро ќе биде повторно ставена во функција, дека ќе се врати на работа за да може да го храни своето семејство. Дел од постарите жители на Волноваха директно го оптужуваат Зеленски дека дошол на власт со ветување дека ќе стави крај на војната, а истиот тој наместо тоа е еден од главните виновници за војната помеѓу Украина и Русија.

Од центарот на градот се упативме кон главната градска болница, која што е значајно оштетена. Околу болницата имаше група на граѓани, како и вработени во истата, кои што со солзи во очите и со неверување гледаа што останало од болницата. Вработените изјавија дека во изминатите години како резултат на директорот на болницата, истата била реновирана, дека граѓаните биле презадоволни од работата на болницата. Во групата граѓани беше и Виктор Саранов, директор на болницата, или на тоа што останало од неа.

„Не можам со сигурност да тврдам кој е крив за разрушувањето на болницата, бидејќи јас и целиот персонал, како и голема група на граѓани бевме во скривницата на болницата. Но кога започна битката за Волноваха, група на украински војници и припадници на Азов, на 24-ти февруари, дојдоа во болницата, и ги зазедоа вториот и третиот спрат на истата, и ги претворија во огнени точки каде што разместија разни видови на оружје, а болницата ја претворија на тој начин во мета. 24-ти февруари во болницата беа присутни 270 пациенти на 13 различни оделенија. Вработените во болницата не ја напуштија болницата и скривницата од почетокот до крајот на битката за Волноваха. По почетокот на битката, во болницата почнаа да пристигнуваат ранени војници и цивили. За време на најжестоките борби, во скривницата на болницата својот спас го најдоа 500 граѓани на Волноваха. Благодарејќи на агрегаторите во болницата, дел од неа функционираше цело време, а граѓаните добиваа покрај медицински услуги и храна и вода. За време на борбите за Волноваха се родија 6 деца, и слава му на Бога, сите се живи и здрави. И покрај разрушувањата, болницата работи, и ние не се предаваме. Ќе ја обновиме болницата, и ќе им пружаме медицинска помош на граѓаните на Волноваха и на околните населени места“ – Виктор Саранов. За граѓаните на Волноваха посебно е важно новите власти да почнат со ефективна работа, животот да се врати во нормала, да се отворат фабриките, железницата да почне да функционира, да заживее трговијата, како и граѓаните да ги добиваат своите плати и пензии. Оптимисти се дека градот брзо ќе се обнови, ќе се врати животот и развојот како и по Втората Светска Војна. Животот едноставно мроа да продолжи. Властите на Доњецката Народна Република изјавуваат дека сите граѓани ќе ги добивааат своите плати и пензии, како и социјална помош, и дека истите тие ќе им бидат исплаќани во руски рубљи.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>