НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Како резултат на бугарското вето за Македонија за старт на преговорите со ЕУ, како и иницијативата „Open Balkan“ кој е дело на ЕУ и САД,  Македонија повторно се враќа во орбитата на Белград. Кусогледоста на бугарската надворешна политика во однос на Македонија, и дава на Србија шанса повторно да ја врати Македонија во својата орбита со минимални средства и труд. Главната работа за Србија ја завршија ЕУ и САД, со создавањето на иницијативата „Open Balkan“, која што е утешна награда за Западен Балкан, кој што во наредните 10 до 15 години нема да се приклучи кон ЕУ. Многувекторната надворешна политика на Белград повторно и овозможи на Србија да има доминантна позиција и влијание на Западен Балкан. Во минатата статија пишував за Бугарската политика во однос на Македонија.

Покрај тоа Србија и Македонија ги поврзува заедничко југословенско минато, заедничка историја и култура (иако има и контроверзни историски моменти во однос на периодот од 1918 до 1941 година). Србија во Македонија има моќна дијаспора, со политички партии кои што имаат свои пратеници. Србија има и силно економско влијание во Македонија. Српската култура, музика, спорт и медиуми се широко распространети во Македонија.  Во Македонија практично нема бугарски ТВ канали, весници, магазини, за разлика од српски ТВ канали, весници, магазини. Левски и ЦСКА Софија не се популарни во Македонија, за разлика од Црвена Звезда и Партизан. И во многубројните јавни истражувања, граѓаните на Македонија предност и даваат на соработката со Србија, отколку на соработката со Бугарија. Србија после распадот на Југославија па до крајот на 90-тите имаше многу силно влијание во Македонија, вклучително и врз политичките процеси, преку тајните служби. Но за разлика од Бугарија и нејзината политика во однос на Македонија, за Белград Македонија никогаш не играла централна улога во нејзината воена, надворешна и економска политика во последните 120 години.

Во меѓувреме, околу 20% од населението во земјата се Албанци, а како резултат на тоа, денес Скопје води отворена антисрпска политика и активно и помага на Приштина во нејзината конфронтација со Белград на сите нивоа. Во 2008 година, таа беше една од првите што ја призна независноста на Косово. Македонија сега активно поддржува и лобира за прием на самопрогласената република во меѓународните институции. Македонски министри, директори, владини представници, на различни самити, меѓународни настани отворено го поддржуваат Косово и ги застапуваат неговите интереси, за сметка на македонските. Тие на тој начин ја поткопуваат меѓународната положба на Македонија. Генерално, во однос на Косово (како и други политички прашања) Скопје јасно ги следи инструкциите од САД, кои понекогаш се во спротивност со политиката на ЕУ на Балканот.

Враќањето на Србија во Македонија преку „Open Balkan

Во 2019 година, Србија, Македонија и Албанија под диктат на ЕУ и со поддршка на САД ја создадоа иницијативата „Open Balkan“ (Балканска ЕУ), мини-шенген зона за слободно движење на мигрантите за работна сила, како и движење на капитал и стоки. Иницијативата „Open Balkan“ е продолжение на Берлинскиот процес од 2014 година и е економско политичка зона со вкупно население од скоро 12 милиони, со заеднички БДП од 80 милијарди долари. Иницијативата е создадена со цел на Западен Балкан да му се даде резервна награда, бидејќи влегувањето во ЕУ на државите од Западен Балкан (со исклучок на Црна Гора) во наредните 10 до 15 години е невозможно. Како резултат на потпишаните разни документи и меморандуми, од 1 јануари 2023 година нема да има граници меѓу трите земји и движењето на луѓето, производите и услугие ќе биде слободно. Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан има за цел да ја зголеми и зајакне економската соработка меѓу трите земји. Една од најважните придобивки од овој меморандум е поедноставувањето на процедурите поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки во најголема можна мера со размена на податоци меѓу царинските и другите надлежни органи.

Централна улога и водечка сила ќе има Белград и Србија, и тоа е од стратешки карактер, со цел да се оневозможи зближувањето на Србија со Русија и со Кина, и да се спречи продорот на овие две светски сили на Балканот преку Србија. Подоцна кон оваа иницијатива треба да се приклучат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово и Метохија. Целта е да се забрза економскиот раст на овие држави, нивните економии да се интегрираат како во времето на бивша Југославија, и преку економски раст и интеграција, да се решат отворените политички, територијални и религиозни конфликти и проблеми. Во август 2019 година стапи на сила заедничкиот царински договор меѓу Скопје и Белград, чија цел е да се зголеми трговската размена меѓу земјите, и да се достигне нивото од 2008 година. Србија, инаку, е четврти трговски партнер на Македонија по Германија, Велика Британија и Грција. Трговската размена меѓу земјите во 2018 година достигна 890 милиони евра. Тоа е резултат пред се на инфраструктурните и економските врски воспоставени во времето на Југославија. Ако се погледне географски, со исклучок на Грција, Македонија е најдобро поврзана со Србија. Тоа пред се се должи на поволниот релјеф, за разлика од Албанија и Бугарија, каде што преовладуваат планински венци. Но, и покрај сето ова, во изминатите неколку години државните односи почнаа да се влошуваат.

Српската култура и јазик, филмовите и музиката, весниците и списанијата, спортистите и клубовите се многу популарни во Македонија, а меѓу народите се воспоставени силни и сигурни врски кои што не можат да бидат уништени.

Пишува за Брегалнички портал: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>