Ева Грин е прекрасна француска актерка која што секогаш во јавноста плени со својата елеганци, моден изглед и шарм. Таа е родена во 1980 година и својот пат кон славата го изгради преку внимателен избор на филмски улоги кои го дефинираа нејзиниот препознатлив белег на фатална жена помеѓу армијата обожаватели ширум светот.

Ева Грин нејзиното филмско деби го имаше во филмот “Сонувачи” (анг. Dreamers) на Бернардо Бертолучи каде што имаше повеќе експлицитно разголени сцени. Таа има значајни улоги и во филмовите “Рајско Царство” (анф. Kingdom of Heaven) на Ридли Скот, “Казино Ројал” (анг. Casino Royale), “Златниот компас” (анг. The Golden Compass), и “300: Подемот на една иммперија” (анг. 300: Rise of an Empire).

Ева Грин се има појавено и во ТВ серии како што се Камелот и Пени Дредфул.
Таа во својот моден израз во јавноста не наликува на стереотипот на француските модни икони кои што сакаат да бидат до детал средени и дефинирани со строго изразени моднои црти. Напротив Ева Грин отскокнува од ово француски моден стереотип со хаотични фризури, модни парчиња и детали кои што и го дефинираат нејзиниот див израз кој извира од нејзините зелени очи.








































Поврзано
“Кога падна на Пирина” е новата обработка на рок бендот Некст Тајм. Најава за премиера
Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација
Хоакин Феникс по 22 години пак соработува со Ридли Скот. Сега на филмот “Наполеон”