Во саботата на 5 март во попладневните часови со пригодна свеченост беше отворена новата работна канцеларија „Македонец за Македонец“ на Здружението „Аманет 1903-та- Скопје“.
На отварањето на оваа службена просторија на здружението присуствуваа советници од општинскиот Совет на општина Гази Баба, како и повеќемина членови и симпатизери на здружението Аманет 1903-та Скопје.
По свеченото сечење на лента за пуштање во употреба на канцеларијата, пред присутните се обрати Претседателот на Здружението Дејан Гавровски. Тој во своето обраќање зборуваше за понатамошно делување на Организацијата за работата на новоотворена канцеларија, при што спомена и поедини делови од програмата за идно делување и понатамошно ширење на Идејата.
Во разговор со секретарот на канцеларијата на здружението за нашиот портал беше соопштено дека здружението „Аманет 1903-та Скопје“, постои како такво три години. Здружението делува самостојно и организира собири и настани од протестен карактер, со цел на ширењето на Македонската Кауза Македонец за Македонец.
„Во овие моменти на негација на Македонскиот Народ и негово именување во етничка заедница,чувствуваме потреба за уште поголемо и секојдневно ширење на оваа Кауза и од таа причина отворена е прва таква канцеларија во Скопје .главните цели на оваа канцеларија се следниве активности
-Создавање на буџет за Македонците кои биле и ќе бидат тука за Македонија;
-Поттикнување на донаторски акции за помош и секојдневно информирање на фирми мали големи, средни за тоа што е идејата на Каузата Македонец за Македонец.
-Создавање на следбеници на Каузата Македонец за Македонец кои за еден ден ќе бидат на улица кога е потребно.
-Притисок врз институции кога е направена неправда.
-Реализација на проектот Споменик за Скопските Бранители од 2001 година, реализација 2022/23″,
велат меѓу другото од здружението „Аманет 1903-та Скопје“ во разговор за Бреггалнички Портал.
Канцеларијата се наоѓа во Скопје, населба Аеродром „Три бисери“ наспроти сендвичара „Седмица“
Сите заинтересирани граѓани- поединци и организации можат да го контактираат здружението „Аманет 1903-та Скопје“ на контакт телефонот на канцеларијата „Македонец за Македонец“ 078/ 215 352 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот и сабота од 9.00 до 17 .00 часот, како и на официјална страна Аманет 1903-та о.СКОПЈЕ и „Македонец за Македонец“, информираат од здружението.
Извор: Брегалнички Портал
Поврзано
Станавме како Кабул на времето но за новинари
Пакети со храна со логото на здружението „Иван Михајлов“ и ликот на Цар Борис III се делеа во Битола и во Охрид
ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата