НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Фото-волтаици ќе добијат сите осум основни училишта во општина Аеродром

Денеска на прес конференција за јавноста градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски ги информираше медиумите за започнувањето на нов проект кој што е од големо значење како за општиската администрација и локалните институции во Аеродром, но пред се за граѓаните.

Станува збор за имплементација на енергетско ефикасни мерки во сите осум основни училишта во општината Аеродром преку поставување на соларни фотоволтаици

Денес почнуваме со реализација на еден одличен проект. Се поставуваат фото-волтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром. Ќе помогнат за зголемена енергетска ефикасност, ќе помогнат и да се снабдуваат со електрична енергија, како и дел од градинките во општина Аеродром..

Имаме намера да продолжиме со реализација на овој проект, да ги опфати сите градинки во иден период, но исто така и на други јавни објекти кои планираат да ги градат на територија на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

– Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад каде што очекуваме дека Аеродром ќе стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската унија. Што значи дека, сериозно работиме на реализација на проекти кои што се поврзани со заштита на животната средина, користење на обновливи извори на енергија и во таа насока да ја направиме Аеродром модерна општина како што заслужува да биде,

-соопшти Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на денешната изјава за медиумите.

За авторот на оваа статија