НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

После повеќе неврзани најави преку социјалните мрежи дека новиот албум на “The Cure” завзема своја физичка и духовна форма, фронтменот на бендот Роберт Смит конечно го откри и насловот на новиот студиски албум.

“Песни од загубениот свет” (анг. Songs of the lost world) е насловен новиот албум на дарк рок бендот кој што се етаблираше во светската рок музика кон крајот на 80-тите и во текот на 90-тите години од минатиот век.

Новиот албум следува по студиското издание “4:13 Dream” од 2008 година после кое до ден денес бендот имаше издание на повеќе албуми во живо, компилации и концертни филмови, при што беа воведени во Салата на славата на Рок енд ролот (Rock and Roll Hall of Fame).

Новиот албум на бендот е снимен со новиот гитарист Ривс Габриелс (анг. Reeves Gabriels) кој се придружи на бендот во 2012 година. Според него биле снимени песни за речиси три албуми од кои што веќе е направена конечната селекција и распоред на песни за новиот албум.

Во своето вчерашно интервју за NME фронтменот Роберт Смит најави дека е изработен и графичкиот дизајн за албумот и дека продукцијата на истиот е веќе при крај. Се очекува финиширање на вокалите на 4 од 10-те песни на албумот по што ќе се помине на негова публикација. Очекувањата се дека албумот ќе излезе некаде во септември оваа година поради технички работи околу печатењето на винилите на албумот.

За музиката на новиот албум Роберт Смит соопшти дека после 13 години креативна пауза за нова музика на бендот бил инспириран да создаде нешто ново со инспирација на некои нови бендови кои што ги слушал во изминатиот период.

За авторот на оваа статија

>