НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Глобален медиумски потрес: Елон Маск стана мнозински сопственик на Твитер

Извршниот директор на “Тесла” кој што во минатото ја критикуваше политиката на твитер за модерирање на одредени содржини т.е цензура, купи 9.2 проценти од вредноста на социјалната мрежа, со што стана мнозински акционер во твитер.

Милјаредерот Маск кој што е најбогатиот човек во светот на неговиот твитер налог има над 80 милиони следбеници каде активно споделува своја содржина од бизнис идеи па се до мемиња од минатиот викенд.

Трансакцијата која што ја одобри Комисијата за безбедност и размена вреди околу 2.89 милјарди долари на затварањето на берзата во минатиот петок.

Оваа вест одекна наголемо во светската јавност и е од огромно значење за слободата на говор и начинот на комуникација во социјалните медиуми. Голем број на медиумски работници се обратија кон Елон Маск за оваа зделка, но се уште нема никакво соопштение од негова страна во јавноста.

Елон Маск во минатото е познат по неговото спротивставување на цензурата која што се обидуваше и ја спроведуваше оваа социјална мрежа.

Овие 2.89 милјарди долари на акции во Твитер, се дел од 270 милјарди проценето богатство кое што го поседува Маск.

За авторот на оваа статија