НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
мај 31, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон

Помина помалку од една година откако во мај 2021 година беше најавено дека историските студија на МГМ се вклучени во процес на преговори за промена на сопственичката структура со стриминг сервисот на компанијата Амазон. Станува збор за продажба на едни од најзначајните и највлијателните филмски студија во Холивуд кои оперираат под капата на компанијата Метро Голдвин Мејер (анг. Metro-Goldwyn-Mayer).Симболично тоа би значело дека ако најавната шпица со лав кој р’жи на почетокот на многу филмови или серии кои сте ги гледале значи нешто во вашата филмска профилактика, тогаш еден значаен сегмент од вашиот живот е продаден на светскиот стриминг сервис во сопствеништво на компанијата Амазон.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека МГМ студијата се превземаат од страна на Амазон за сума од 8.5 милијарди долари. Превземањето на филмските студија од новиот сопственик траеше повеќе од 10 месеци поради регулаторни одобренија на американските и европските анти монополски агенции кои дадоа зелено светло за ваквата трансакција.

Иако од страна на двете компании не беше дискутирано за можно реструктурирање на конфигурацијата на расположивиот имот, повеќе од јасно е дека МГМ ќе продолжи да функционира со својот креативен потенцијал но сега под чадорот на Студиото на Амазон.

Мотивот на Амазон за откуп на имотот и интелектуалната сопственост на МГМ студијата лежи во потребата на стриминг сервисот на Амазон во својата понуда се должи на два факти:

-да ги вклучи огромниот број на филмови и ТВ серии со кои што располага МГМ снимени од 1918 година до денес. Ова ги подразбира серијалите како StargateJames BondRocky and CreedRobocopVikingsThe Handmaid’s TaleFargoLegally Blonde, the Pink Panther кои што можат сега да се најдат во рамки на најголемата понуда за гледање за претплатниците на Амазон. Станува збор за над 4000 филмови и 17000 ТВ серии кои ќе се вдомат на програмската понуда на новиот сопственик.

-да продолжи да ги развива досегашните брендови на филмска понуда во услови на модерни технологии и глобален светски пазар. Како резултат на ова се очекува во времето кое надоаѓа да започнат со продукција на поголем број на денес веќе подзаборавените филмски ликови и франшизи кои ќе бидат ставени на располагање на корисниците на стриминг сервисот на Амазон.

Според она што се очекува од најавите на здружениот менаџмент на новата сопственичка структура најбрзо светлото на денот ќе го види новата продукција на серијалот “Ѕвездена порта” (анг. StarGate) што секако наиде на одобрување кај фановите на оваа веќе култна франшиза во светската конематографија.

За авторот на оваа статија

>