НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Град Скопје е заглавен во кавги наместо реализација на проекти! И Директорот на ЈСП “Турс” си поднесе оставка

Конфликтноста и склоноста кон расправии наместо посветеноста и фокус кон реализација на ветените проекти за граѓаните е очигледна препрека која околу себе ја манифестираше градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во текот на изминатите неколку денови. Недостигот на комуникација со медиумите преку нејзина видлива затвореност кон јавноста која ескалираше на вчерашната седница на Советот на град Скопје каде наместо да одговара на прашањата на советниците Градоначалничката Данела започна јавна препирка со празни политички флоскули со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Токму ваквиот карактерен склоп на Данела Арсовска сега се гледа дека е клучен проблем за функционирањето на град Скопје како еден огромен општествен механизам кој треба многу трпеливост и знаење за да функционира во вистинска насока. Поради ваквите причини денеска своја неотповиклива оставка си поднесе меѓу останатите и директорот на ЈСП “Турс” Скопје Филип Василевски.

“Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање.

За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени.

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам.”

-соопшти Филип Василевски сега веќе поранешен директор на ЈСП “Турс” Скопје.

За авторот на оваа статија

>