НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалничката Данела Арсова најави целосно решение со шахтите во Град Скопје

Пренеси ја вистината

Како еден од 82 та приоритети кои што Данела Арсовска се обврза дека ќе ги реши во првите 82 денови од нејзиниот мандат е нивелирањето на шахтите ширум Скопје кои што создаваа проблеми во сообраќајот низ улицита на главниот град.

Овој акутен проблем со пропаднати или подигнати шахти подолу или погоре од горната кота на асфалтната повшина е присутен насекаде низ државата, па затоа за негово решавање навистина е потребно многу знаење и техничка подготвеност за негово надминување.

За таа цел со стручни лицаа таа се зафати со решавањето на овој проблем преку т.н. самонивелирачки шахти чија што реализација започна денес.

“Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти.Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат.”

-соопшти во врска со реализацијата на оваа активност Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје

За авторот на оваа статија