Големиот број на пријави од страна на граѓаните на Скопје до новата градоначалничка Данела Арсовска за постоење на големи количества на ѓубре ширум населбите во градот, го кренаа алармот кај градоначалничката на највисоко можно ниво.
Таа денеска беше на лице место во Јавното претпријатие “Комунална хигиена” каде даде насоки кај надлежните во претпријатието за итно надминување на состојбата.
“Денес излеговме на терен поради голем број поплаки од граѓани за преполни контејнери ширум градот.
Го посетивме ЈП „Комунална Хигиена“ каде добивме ветување од одговорните на смена дека ситуацијата ќе биде надмината во најкраток можен рок, а проблемот беше решен за неполн час.
Проблемите ќе се решаваат тековно, остануваме на терен и редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија, а ќе одржиме состанок со раководството на јавното комунално претпријатие каде ќе биде расчистено зошто повеќе од недела дена на неколку локации во Скопје не се собира сметот од контејнерите со динамика согласно потребите.На секоја дојава на граѓани ќе реагираме. Нема да има отстапки за неодговорно однесување на градските служби. Нема да дозволиме некој наместо професионално да раководи, да собира политички поени на работа што треба да биде завршена без да се јавува самиот градоначалник, а на терен ќе бидеме присутни постојано бидејќи ред мора да има.”
-напиша на фејсбук Данела Арсовска- Градоначалничка на Град Скопје.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот