Во рамки на своите програмски определби за постојана и интензивна соработка со сите физички и правни субјекти во општина Свети Николе, денеска градоначалникот Дејан Владев се состана со претставници на спортските работници во општината.
Состанокот се одвивал во конструктивна атмосфера во насока за развивање на понатамошната меѓусебна соработка на сите спортски клубови со општинската администрација и градоначалникот.
“Остварив средба со претставници од сите спортски клубови во општина Свети Николе
Разменивме идеи и предлози за понатамошна меѓусебна соработка.
Како Градоначалник секогаш ќе им бидам на располагање за нивните барања.
Спортот ќе биде нова иднина во општина Свети Николе.”
-соопшти Градоначалникот Владев во врска со состанокот.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот