НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалникот на Берово ќе ги посетува населените места за креирање на буџетот за 2022

Пренеси ја вистината

Градоначалникот на општина Берово во рамки на своите програмски определби за блиска соработка со граѓаните на Берово, започна со партиципативен пристап за усвојување на новиот Буџет на општината за 2022 година.

Тој за наредниот период предвидува посета на сите населени места во општина Берово, со цел директно со граѓаните да ги утврдат приоритетите за реализација за наредната година кои што ќе бидат реализирани со сретства од општинскиот Буџет.

“Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата,  за 2022 година.

Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани.

Средбите ќе започнат во населените места, со следниот распоред:

09.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Двориште

12:00 до 14:00 часот во с. Ратево

14:00 до 16:00 часот во с. Русиново

10.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Митрашинци

12:00 до 14:00 часот во с. Будинарци

14:00 до 16:00 часот во с. Мачево

12.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Владимирово

12:00 до 14:00 часот во с. Смојмирово

Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.”

-стои во соопштението на општина Берово упатено до јавноста.

За авторот на оваа статија